Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, по утринскиот ракетен напад врз Одеса
    • „Средувале“ категории во возачки дозволи, МВР со кривична пријава против 27 лица
    • Дневен хороскоп за 12-ти септември 2026: Дознајте што ве очекува во текот на денешниот ден
    • ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 
    • МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики
    • Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен телефон
    • До 07:30 часот 31 пожар
    • Подгответе ги чадорите: Денеска не очекува дожд
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Автопатот Скопје – Тетово како Монца: Полицијата казнуваше за брзо возење

    Автопатот Скопје – Тетово како Монца: Полицијата казнуваше за брзо возење

    13.10.2025 во 11:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 12.10.2025 во 15:10  на автопатот Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Тетово го лишија од слобода А.Х.(26) од с.Патишка Река, скопско. При контрола во сообраќајот со радар, полициските службеници констатирале дека управувал возило „фолксваген пасат“ со брзина од 181 километри на час на место каде што дозволената брзина е 100 километри на час. Подоцна, откако бил ослободен тој повторно бил фатен како го управува возилото со брзина многу поголема од дозволената. Имено, на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, тој е затекнат како го управува возилото со брзина од 105 киометри на час на место каде што брзината е ограничена на 50 километри на час. 

    На 12.10.2025 во 15:12 часот на автопат Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, полициски службеници го лишија од слобода Б.Ј.(19) од с.Слатино, тетовско, кој управувал возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 177 километри на час на место каде што дозволената брзина е 100 километри на час.  

    На истото место кај наплатната станица Желино, во 15:44 часот  од слобода е лишен и К.М.(28) од Радовиш затоа што радар било констатирано дека управувал патничко возило „фоилксваген артеон“ со радовишки регистарски ознаки со брзина од 173 километри на час, односно 73 километри на час повеќе од дозволеното. 

    На 12.10.2025 во 14:31  на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службениц од СВР Тетово го лишија од слобода С.А.(50) од Тетово. При контрола во сообраќајот со радар, полициските службеници констатирале дека во населено место управувал возило „ауди“ со брзина од 108 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час. 

    Прочитај повеќе

    „Средувале“ категории во возачки дозволи, МВР со кривична пријава против 27 лица

    12.09.2026 во 11:32

    Засилени контроли за електрични тротинети – 33 прекршоци

    11.09.2026 во 19:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.