- Иднината пристигна: Кина го пушти во работа првиот подводен дата-центар со вештачка интелигенција
- Хороскопски знаци кои глумат дека ништо не ги повредува
- Николоски: Во 2031 година ќе имаме брза пруга од граница со Србија до граница со Грција
- Дипломатска офанзива: Иран го разгледува новиот американски предлог по посетата на пакистанскиот посредник
- Филипче: Стравот што го продава власта е лажен – ЕУ не го загрозува македонскиот идентитет
- Али Ахмети се сретна со Рокас
- Филипче оствари средба со хрватскиот главен преговарач на Хрватска за ЕУ
- Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
Author: Author 01
Во канцеларијата на Народниoт правобранител, в недела (19 октомври), на денот на одржувањето на првиот круг од локалните избори, во периодот од 7 до 19 часот, ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните ќе може да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Исто така, граѓаните ќе може за заштита на своите права да…
По синоќешниот телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, Кремљ се огласи потврдувајќи дека подготовките за нивната нова средба во следните неколку недели продолжуваат со забрзано темпо. Во соопштението се вели дека постои разбирање дека ништо не треба да се одложува и дека двајцата лидери би можеле да се сретнат во следните две недели или подоцна во Будимпешта. Се додава дека сè уште има голем број прашања што мора да ги решат американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред средбата на лидерите. Исто така, се договара и составот…
Кривичен го прифати обвинението за Александар Нацев, реалниот сопственик на обвинетото правно лице Рубикон Секјурити Солушн, компанијата која го обезбедувала објектот на импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани каде во пожар загинаа 63 луѓе, а 210 беа повредени. „Обвинителниот акт беше поднесен на 4 – ти септември од страна на обвинителниот тим кој постапува по истрагата за пожарот, а се однесува против едно лице – А.Н. кој е осомничен за кривичното дело од чл. 292 ст.2 в.в. со чл. 288 ст.3 в.в. со ст. 2 в.в. со чл. 22 од КЗ, а согласно соопштението на Јавниот обвинител, истиот се јавува како …
На 16.10.2025 во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.10.2025 во 17:40 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена пријави дека на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 16.10.2025 во 15:45 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена од Скопје пријави дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот татко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.10.2025 во 17:40 часот во СВР Скопје, С.А.(50) од Скопје пријави дека на 13.10.2025 околу 13:00 часот на подрачјето на Кисела Вода, неговата 16-годишна ќерка била физички нападната од две женски лица, при што бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.10.2025 во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека на 16.10.2025 околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.10.2025 во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, слушнал возило како застанало и три истрели од огнено оружје, по што во дневната соба забележал дека било скршено стакло од прозор, имало оштетување во ѕидот, а на подот пронашол две зрна од огнено оружје. Повредени лица нема и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Уште една повозрасна жена падна на познатата измама со лажна сообраќајна несреќа. Како што соопшти МВР, 71-годишна скопјанка платила 36.300 евра за нејзината да оди на итна операција после наводна сообраќајна несреќа. „Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа и е тешко повредена и дека треба да плати за да се направи итна операција. Како што е пријавено, таа повторно била контактирана телефонски, овојпат од лице кое се претставило како лекар и кое и посочило каде да ги остави парите. Се преземаат мерки за расчистување на…
Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се сретнат во Будимпешта. Ова доаѓа по вчерашниот телефонски разговор кој двајцата лидери го имаа за ситуацијата со Украина, во пресрет на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата Куќа. Според пишувањата на американските медиуми, Зеленски и Трамп ќе разговараат за перспективите за мировни преговори и евентуално снабдување на Украина со ракети „Томохавк“ со долг дострел. Трамп претходно кажа дека го предупредил Зеленски за можноста да му постави нов ултиматум на Путин: или Москва ќе седне на сериозни преговори, или Киев ќе добие модерни ракети. Меѓутоа, официјален коментар…
