- Кралски тајни: Како принцот Вилијам користел лажно име на факултет за да живее како обичен студент
- Вештачката интелигенција помогна да се отклучи заборавено биткоин богатство вредно 400.000 долари
- Аракчи од Њу Делхи: Иран секогаш ќе биде заштитник и чувар на безбедноста во Ормускиот Теснец
- Дописничка од Белата куќа: „Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре пред да се качиме во претседателскиот авион“
- Трамп по враќањето од Кина: Само САД и Пекинг можат да го извлечат иранскиот „нуклеарен барут“ од урнатините
- Трамп бара кинеска помош за војната со Иран, Си претпазлив околу Ормутскиот Теснец
- Димитријевиќ: Скандалозно е премиерот јавно да признава дека му сугерира на обвинителот како да постапува
- УХМР предупредува: Сабота носи силно невреме со пороен дожд, град и засилен ветер ширум државата
Author: Author 01
Земјите членки на Европската унија имаат рок од пет години да се подготват за можен воен конфликт, стои во нацрт-документот на Европската комисија до кој дојде порталот Politico. „До 2030 година, Европа мора да има доволно силен одбранбен систем за веродостојно да ги одврати своите противници и да може да одговори на секоја агресија“, се наведува во документот. Планот, кој бил разгледуван од министрите за одбрана, ќе биде официјално претставен пред Европската комисија, а следната недела ќе биде доставен и до лидерите на земјите членки. Според Politico, документот наречен План за одбранбена подготвеност 2030 е јасен знак за растечката улога…
Вчера часот во 17:30 часот во трговски центар на подрачје на Карпош во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(30) од с.Глумово, скопско поради извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија. Лицето по насока на Јавен обвинител беше задржано во Полициска станица и по комплетирање на доказниот материјал во координација со ОЈО Скопје истиот на 15.10.2025 година е изнесен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор.
Министерството за транспорт и врски и ЖРСМ Транспорт без став додека трае постапката, се очекува реакција од компанијата ЦИОС Загреб Надлежните институции засега се воздржани од коментар во врска со случајот за долгот на ЖРСМ Транспорт АД Скопје кон Хрватски железници Карго, чија судска постапка е во тек пред Граѓанскиот суд во Скопје. Од Министерството за транспорт и врски и од Македонски железници – Транспорт АД потврдуваат дека најмалку до одржувањето на главното рочиште, закажано за крајот на октомври, нема да даваат јавни ставови за предметот, бидејќи случајот е пред суд и секој коментар може да влијае на процесот. „Додека…
Почна вакцинацијата против сезонски грип. Ќе се врши на вкупно 45 вакцинални пункта низ државата, од кои пет се во главниот град. Веќе се пријавени 43.000 граѓани на апликацијата vakcinacija.mk, а можноста за пријавување продолжува. „Голем е одѕивот на граѓани кои досега се пријавија за вакцина против сезонски грип. Задоволен сум од покажаниот интерес, а воедно сакам да потсетам дека и понатаму е отворена можноста за пријавување, преку апликацијата vakcinacija.mk или преку матичниот лекар. Министерството годинава набави историски најголем број вакцини против сезонски грип – 80.000 дози четиривалентна вакцина од реномираниот производител „Абот“ од Холандија. Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка…
Јавното сообраќајно претпријатие „ЈСП Скопје“ информираше дека добиле известување од снабдувачот „НОМАГАС“ за прекин во испоракатав на природен гас до 17 октомври 2025 година може да предизвика редуцирање на некои автобуски линии, особено оние што го користат гасот како гориво. „Корисниците на јавниот превоз се предупредуваат да бидат подготвени за доцнења и променливи возни редови“, велат од „ЈСП Скопје“. Во текот на изминатата година, јавниот превоз во Скопје веќе се соочи со кризи поради недостаток на гориво. На пример, ЈСП со месеци бил во тешка состојба и само неколку автобуси на гас возеле по улиците, додека повеќето останувале паркирани во…
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски истакна дека Центар се развива како зелена и еколошки одговорна средина, со урбанизам што обезбедува повеќе зелени површини, безбедни пешачки и велосипедски зони и современи сообраќајни решенија. Во програмата за втор мандат, тој најавува бројни капитални проекти со кои продолжува развојот на општината. „Повторно имаме победничка програма која овозможува поквалитетен живот на сите генерации, децата, младите, возрасните и пензионерите. Отпочнуваме со изградба на нов дом за стари лица, нова градинка во близина на Клиничкиот центар, набавуваме две цистерни и пет метларки за поголема хигиена, го ограничуваме движењето на…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа на прес конференција во Белата куќа соопшти дека Америка е во трговски конфликт со Кина. На прашање во врска со заканата од трговски конфликт со Кина тој категорично изјави „веќе сме во трговска војна“. Трамп во петокот најави воведување дополнителни давачки од 100 проценти за увозот од Кина, обвинувајќи го Пекинг дека зазема „исклучително агресивен став“ во трговските односи. Во објава на неговата платформа Truth Social, Трамп изјави дека Кина испратила „екстремно непријателско писмо до светот“ и вовела „масовни контроли на извозот на речиси секој производ што го произведуваат“. Трамп предупреди дека новите давачки ќе…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по средбата со македонскиот државен врв, на социјалната мрежа Х напиша дека следниот и единствен чекор пред почетокот на преговорите е јасен, а тоа се уставните измени. „Целосно ја поддржуваме Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Можете да сметате на нас. Следниот и единствен чекор пред почетокот на преговорите е јасен. Треба да ја направите договорената уставна промена. Топката е во вашиот двор. ЕУ е подготвена“, напиша Урсула фон дер Лајен. We remain fully behind North Macedonia on its EU path. You can count on us.The next and only step before the opening of…
Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и сексуална злоупотреба, обвинува владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, Дехари ја злоупотребил својата позиции, а тоа не смее да биде премолчено и неказнето. „Во јавноста излегоа снимки кои ја откриваат одвратна вистина за градоначалнкот на Кичево, Фатмир Дехари. Дехари малтертирал и сексуално понижувал жени на работно место. Фатмир Дехари ја злоупотребил својата позиција и ова не смее да биде премолчено и неказнето. Ова е срам, навреда и понижување на секоја жена во државата без разлика на етничката припадност. И наместо оставка од…
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степен. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат утре кон крајот…
