Close Menu
Press24
    Најново

    Затвореник на отсуство фатен со дрога во Градско: Вратен во затворот „Скопје“

    29.10.2026 во 17:35

    МВР приведе шестмина возачи: Возеле без дозвола, под дејство на алкохол и со активна забрана

    29.10.2026 во 17:26

    Штипјанец се обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција

    29.10.2026 во 17:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Затвореник на отсуство фатен со дрога во Градско: Вратен во затворот „Скопје“
    • МВР приведе шестмина возачи: Возеле без дозвола, под дејство на алкохол и со активна забрана
    • Штипјанец се обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција
    • Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини
    • Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новата британска амбасадорка Маја Сивањанам
    • Мицкоски: Шпекулациите за поскапа струја ќе паднат на 1 јануари
    • МВР: Уапсени поранешни и сегашни функционери од ФЗО за милионски малверзации – 11 лица кривично ќе се гонат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кралски тајни: Како принцот Вилијам користел лажно име на факултет за да живее како обичен студент

    Кралски тајни: Како принцот Вилијам користел лажно име на факултет за да живее како обичен студент

    15.05.2026 во 23:332 Mins Read
    ФОТО: Инстаграм/princeandprincessofwales
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Принцот Вилијам, денешниот принц од Велс, со години растел пред камерите и под будното око на папараците кои го следеле на секој чекор. Сепак, кога пристигнал на престижниот Универзитет Сент Ендрус во Шкотска, тој се обидел да го направи она што е вообичаено за повеќето студенти, а речиси невозможно за него – да живее барем малку анонимно. Како што открива кралскиот биограф Роберт Џобсон во својата книга „Катерина, принцезата од Велс“, принцот меѓу колегите и пријателите се претставил едноставно како Стив, иако официјално на универзитетот бил регистриран под името Вилијам Велс. На овој начин, тој се обидел да „оди под радарот“ и да го избегне постојаниот медиумски притисок.

    Вилијам пристигнал во Сент Ендрус во 2001 година, а поради огромниот јавен интерес, универзитетот морал да најде начин да ја заштити неговата приватност, но и мирот на останатите студенти. Така се родил неформалниот „Договор на Сент Ендрус“ со британските медиуми, според кој новинарите и фотографите се обврзале да го остават принцот на мира за време на студиите, во замена за повремени можности за официјално фотографирање и интервјуа. Поранешниот канцелар на универзитетот, д-р Брајан Ланг, подоцна потврдил дека целта била да се одржи животот на академската заедница што е можно понормален. Токму во една ваква заштитена средина, Вилијам ја запознал и својата идна сопруга, Кејт Мидлтон.

    Лажното име Стив не било единствениот обид на двојката да ја зачува својата приватност. Според пишувањата на списанието „Пипл“, додека биле во врска, тие повремено користеле и други имиња за да избегнат несакано внимание. Биографот Џобсон наведува дека за време на одредени патувања во хотелите се пријавувале како г-дин и г-ѓа Смит, иако ретко кој навистина бил измамен од тоа презиме. Исто така, странските медиуми претходно пишуваа дека за време на одморот на Сејшелите, тие престојувале под имињата Мартин и Роуз Мидлтон, што е вообичаена пракса за членовите на кралското семејство во приватни околности.

    Прочитај повеќе

    Љубовен пресврт за едни, успех на работа за други: Хороскоп за 29 октомври

    29.10.2026 во 09:38

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.