Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска најави казни за родителите: Државата ќе го менува законот по насилството во училиштето во Ченто

    Јаневска најави казни за родителите: Државата ќе го менува законот по насилството во училиштето во Ченто

    13.05.2026 во 12:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најави измени во Законот за основно образование со кои ќе се предвидат казни за родителите чии деца покажуваат насилно однесување во училиштата. Оваа реакција доаѓа по последниот инцидент во основното училиште „25 Мај“ во Ченто, каде 15-годишен ученик беше прободен со остар предмет.

    Јаневска упати апел до родителите да посветат повеќе внимание на своите деца, нагласувајќи дека државните институции не можат сами да го решат проблемот.

    „Ладното оружје децата не го наоѓаат во училиште, ладното оружје го наоѓаат надвор. Оттука, неопходна е соработка со сите сектори кои се засегнати, но ги повикувам и молам родителите да посветат внимание на своите деца. Целата држава што и да направи, ако не се вклучат родителите, не може да постигнеме успех“, изјави денеска Јаневска.

    Министерката потврди дека веќе се разговара со пратениците за да се формулираат законските измени во делот на одговорноста на родителите.

    Покрај казните, Јаневска инсистира и на лиценцирање на училишните психолози, кои треба да формираат стручни тимови за препознавање на насилството.

    „Веќе кажав дека ќе побарам да се лиценцираат и училишните психолози кои треба да направат стручни тимови и да работат со децата и со родителите и со наставниците во препознавање на тоа што се случува во училиштето“, рече министерката.

    Таа заклучи дека законски измени ќе се прават сè додека реалноста налага потреба од воспоставување посигурна средина за учениците.

    Прочитај повеќе

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.