Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: СДСМ одамна го изгуби својот идентитет, ние сме промакедонска партија

    Мицкоски: СДСМ одамна го изгуби својот идентитет, ние сме промакедонска партија

    13.05.2026 во 12:511 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати остри критики кон раководството на СДСМ, оценувајќи дека партијата го изгубила својот идентитет и начин на делување. Прашан за коментар на изјавата на лидерот на СДСМ, кој ја нарече ВМРО-ДПМНЕ „бугарофилска партија“, Мицкоски истакна дека таквите тврдења не заслужуваат сериозен коментар.

    Тој нагласи дека приоритет на неговата партија остануваат националните интереси.

    „Ние сме промакедонска партија и тоа е она што нас нè интересира, а тоа што СДСМ како политичка партија одамна го изгубија својот идентитет и начин на делување, тоа е нивен проблем и мислам дека со тој проблем многу скоро ќе се соочат на избори“, изјави Мицкоски.

    Според премиерот, реториката на СДСМ е неконзистентна и често се менува во текот на денот.

    „Не можам да го коментирам тоа затоа што утре нешто друго ќе рече. Претпоставувам ќе измисли некоја друга придавка. Практично, човекот секој ден кажува, и раководството на СДСМ генерално, секој ден кажуваат работи кои прво се некултурни, а второ тоа што го соопштуваат во јавноста во текот на денот неколкукратно го менуваат. Така што претпоставувам до вечер ќе бидеме некаква друга „филска“ партија“, додаде тој.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.