Close Menu
Press24
    Најново

    Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат

    13.05.2026 во 23:47

    Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате

    13.05.2026 во 23:24

    Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација

    13.05.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат
    • Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате
    • Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација
    • Филипче: Кој е сега предавник?
    • Додик: Путин ќе ја посети Република Српска
    • Јаневска: Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, ќе се изврши дератизација и дезинфекција
    • Политико: Трамп отиде во Кина за да побара помош за Иран
    • Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Боки 13 доби пет години затвор за „Меѓународен сојуз“

    Боки 13 доби пет години затвор за „Меѓународен сојуз“

    13.10.2025 во 12:461 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Шоуменот Бојан Јовановски, познат како Боки 13 е осуден на пет години затвор за измама и перење пари во случајот „Меѓународен сојуз“. Пресудата беше изречена без негово присуство во судницата во Кривичниот суд.

    Обвинетата Јасна Ерцеговиќ е осудена на две години затвор, додека Христина Блажевска и таткото на Бојан се осудени на условни казни, сите обвинети за помагање при перење пари.

    Според обвинението, со наводен проект за изградба на старски домови, Јовановски измамил двајца бизнисмени, меѓу кои и покојниот Силјан Мицевски, а со парите што нивните фирми ги уплатиле, ги финансирал телевизијата „1ТВ“ и невладината „Меѓународен сојуз“ и купувал лични предмети.

    Ова е втора пресуда за предметот кој почна во 2020 година. Јовановски првично беше осуден на девет години затвор, но Апелација го врати предметот на повторно судење. Јовановски беше во затвор за случајот Рекет, осуден на 9 години затвор. Но не ја одлежа цела казна бидејќи Апелација му ја намали казната на пет години поради лошата здравствена состојба.

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација

    13.05.2026 во 22:47

    Филипче: Кој е сега предавник?

    13.05.2026 во 22:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.