Close Menu
Press24
    Најново

    Финансиски злоупотреби во здравството – Под лупа и компанија со три болници во Скопје

    29.10.2026 во 10:19

    ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – Оливер Спасовски со тага се прости од него

    29.10.2026 во 10:10

    Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу

    29.10.2026 во 10:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Финансиски злоупотреби во здравството – Под лупа и компанија со три болници во Скопје
    • ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – Оливер Спасовски со тага се прости од него
    • Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу
    • Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството
    • Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати
    • Љубовен пресврт за едни, успех на работа за други: Хороскоп за 29 октомври
    • Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците
    • ФОТО: Два тона небезбедно месо ќе се уништува на Дрисла – Се продавалло преку социјални мрежи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нова мафијашка ликвидација во Белград: Го барал Интерпол – го нашол платен убиец

    Нова мафијашка ликвидација во Белград: Го барал Интерпол – го нашол платен убиец

    17.10.2025 во 11:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    33-годишен маж е ликвидиран доцна синоќа во познатата населба Белград на вода. Станува збор за Црногорецот Филип Ивановиќ, родум од Цетиње. 

    Застрелан бил со куршум во челото од страна на 21-годишно момче. Како што јавуваат српските медиуми, убиецот е пронајден. Се работи за извесен Ѓ.З. кај кого биле пронајдени два пиштола, но и словенечки документи за кои се верува дека се фалсификувани. 

    View this post on Instagram

    A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

    По Ивановиќ трагал Интерпол. За него била распишана меѓународна потерница откако на 4 декември минатата година побегнал од куќен притвор во Белград. 

    Во Србија против него се водел судски процес поради помагање на Лазар Тејиќ по убиството на Бојан Мирковиќ, додека Црна Гора го барала под сомнение дека бил член на организирана криминална група и соизвршител во неколку тешки убиства.

    Од Управата на полицијата на Црна Гора соопштиле дека Генералниот секретаријат на Интерпол во Лион објавил меѓународна потерница по Ивановиќ и дека неговото екстрадирање во Црна Гора било планирано по завршување на судскиот процес во Србија.

    Ивановиќ претходно бил уапсен во Белград на 25 ноември 2020 година под сомнение дека учествувал во тешко убиство. По бегството од куќниот притвор, повеќе од девет месеци бил во бегство, сè до неговото убиство синоќа.

    View this post on Instagram

    A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

    Осомничениот, Ѓ.З. (21), бил пресретнат од полицајци во цивилна облека на само 200 метри од местото на злосторството, каде што бил разоружан и уапсен.

    На осомничениот му е одреден притвор од 48 часа, а во тек е истрага, по што ќе бидат познати повеќе детали.

    Итната медицинска помош потврди за РТС дека човекот е убиен и дека пукањето се случило во 23:13 часот.

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.