Close Menu
Press24
    Најново

    Инциденти во тетовско: Физичка пресметка по расправија на социјални мрежи, па и вооружен инцидент

    06.05.2026 во 19:45

    Меџити: Започна отстранувањето на над 200 хаварисани и напуштени возила во Чаир

    06.05.2026 во 19:29

    Приведени девет возачи за безобѕирно управување возило – седум возеле без дозвола

    06.05.2026 во 19:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Инциденти во тетовско: Физичка пресметка по расправија на социјални мрежи, па и вооружен инцидент
    • Меџити: Започна отстранувањето на над 200 хаварисани и напуштени возила во Чаир
    • Приведени девет возачи за безобѕирно управување возило – седум возеле без дозвола
    • Му издале диплома со Северна во 2016-та, а името ни го сменија во 2018-та
    • СДСМ: Граѓаните бараат конкретен одговор – дали се испратени документите за екстрадиција на Груевски?
    • Деребан: Довербата во правосудството се гради со системски решенија, не со декларации
    • Трамп ја стопираше операцијата во Ормускиот теснец по само два дена
    • Хрватска подготвена за ЕЕС: Нема заобиколување на новите правила на границите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мукаетов на конференцијата „Предизвикот на промените“ во Ровињ: „Континуираниот раст е возможен само кога целиме надвор од границите“

    Мукаетов на конференцијата „Предизвикот на промените“ во Ровињ: „Континуираниот раст е возможен само кога целиме надвор од границите“

    17.10.2025 во 11:383 Mins Read
    16.10.2025.Rovinj- Alkaloid Rovinj Lone
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „’Алкалоид’ е присутен во ЕУ веќе 18 години, но фактот дека доаѓаме од земја која не е членка на Унијата секогаш носи дополнителни специфичности. Со домашен пазар од само 2 милиони жители, наспроти европскиот пазар со 448 милиони чинители, растот и развојот се возможни само доколку деловните видици се насочени надвор од границите.“

    Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, за првпат зеде учество на водечката финансиска конференција во регионот „Предизвикот на промените“, која се одржува во Ровињ, Хрватска, од 15 до 17 октомври годинава, во организација на Загрепската берза и Хрватското здружение на друштва за управување со пензиски фондови и пензиски осигурителни друштва. 

    Во рамките на конференцискиот панел насловен „Регионални прваци: надвор од границите“, модериран од страна на Ивана Гажиќ, Претседателка на Управниот одбор на Загрепската берза, Мукаетов се осврна на предизвиците на компанијата низ годините и за време на неговото безмалку дведецениско раководење: 

    „Во изминатите две децении ’Алкалоид’ постојано растеше, и тоа не само низ призмата на приходите и пазарната вредност, туку и во однос на сопствениот капацитет да се справува со предизвиците, да носи храбри стратешки одлуки и трпеливо да гради доверба на меѓународните пазари. Од моето преземање на раководната функција во компанијата на само 32-годишна возраст, што беше предизвик само по себе, до денешната глобализација на ’Алкалоид’ се одвиваа сложени процеси на развој и трансформација. Во изминативе 20 години ’Алкалоид’ остварува импресивен континуиран раст: шесткратно зголемување на приходите (од 53,1 милиони евра во 2005 до очекуваните над 330 милиони евра во 2025 година) и зголемување на просечната цена на акциите речиси за седумпати (од 62 евра на околу 416 евра во истиот временски период). Сиот овој изоден пат е резултат на тимска посветеност, визија и јасна стратегија. И ќе продолжиме со истиот пристап со решителност, дисциплина, квалитет и знаење“, истакна Мукаетов. 

    16.10.2025.Rovinj- Alkaloid Rovinj Lone

    Во делот од панелот наменет за предизвиците на регионалните берзи и за изнаоѓањето начини за нивно надминување, што може да поттикне промени во праксата и во регулативата, Мукаетов посочи: 

    „Македонија претставува мал, но специфичен пазар, каде што неколку blue chip компании имаат доминантна улога во тргувањето на Берзата, носејќи со себе високи очекувања од страна на јавноста и инвеститорите. Сепак, ограничениот пристап до финансии и ниската ликвидност во тргувањето кај другите компании на Берзата укажуваат на потребата од поактивна улога на институционалните инвеститори, јасна и транспарентна регулатива. Регионално, консолидацијата на берзите во единствена платформа или ентитет би донела поголема длабочина на пазарот, ликвидност, стабилност и подобра меѓународна видливост на компаниите.“

    16.10.2025.Rovinj- Alkaloid Rovinj Lone

    Покрај Мукаетов, говорници на панелот беа и Гордан Колак, Претседател на Управниот одбор на „Кончар“; Михал Кенѓа, партнер, инвестициски фонд „Ентерпрајз инвесторс“, и Лука Орешковиќ, Претседател на Советодавниот одбор на „Мплус“, партнер во „Просперус инвест“. 

    16.10.2025.Rovinj- Alkaloid Rovinj Lone

    Конференцијата „Предизвикот на промените“, која традиционално се организира од 2012 година, претставува централна платформа за средба на повеќе од 550 претставници од домашната, регионалната и од меѓународната финансиска и бизнис-заедница. Покрај макроекономските трендови, годинава дел од темите беа и вештачката интелигенција во бизнисот и современите инвестициски стратегии за одржлива иднина.

    Прочитај повеќе

    Поскапеа кафеаните

    06.05.2026 во 15:44

    Мицкоски: Цените на храната во април со минимален раст, очекувам инфлацијата да падне под 4 отсто

    06.05.2026 во 13:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.