Close Menu
Press24
    Најново

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51

    Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“

    30.10.2026 во 23:29

    Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино

    30.10.2026 во 23:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
    • Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
    • САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
    • Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
    • УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Атанасовски: Целосна реконструкција на Здравствена станица, детска градинка и средно училиште во Македонска Каменица

    Атанасовски: Целосна реконструкција на Здравствена станица, детска градинка и средно училиште во Македонска Каменица

    06.10.2025 во 10:092 Mins Read
    ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Драги сограѓани заедно постигнавме значајни резултати за почиста животна средина и поголема енергетска ефикасност во нашата општина. Реализиравме проекти за заштеда на електричната енергија во речиси сите објекти на локалната самоуправа, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ за кандидатот за градоначалник на Македонска Каменица Димчо Атанасовски, што го пренесуваме интегрално.

    Во основното училиште поставивме фотоволтаичен систем од 37 киловати, кој обезбедува заштеда на електричната енергија од 50%.

    Во соработка со Источен плански регион инсталиравме три нови соларни централи на Домот на култура, Куќа на спортот и Дневниот центар за лица со посебни потреби.

    Вкупната моќност на овие централи е 97 киловати, што на општинско ниво обезбедува 134 киловати чиста и зелена енергија.

    Во моментот спроведуваме постапка за целосна реконструкција на Здравствена станица проектот ќе биде завршен во наредните шест месеци, а објектот ќе биде современ енергетски ефикасен и со модерен изглед.

    Во првите две години од новиот мандат целосно ќе ги реконструираме детската градинка Бамби, објектот на ЈП Камена Река, средното училиште Миле Јаневски Џингар, за реконструкција на овие објекти веќе имаме подготвено целосна проектна документација.

    Со вашата доверба ќе продолжиме да ја градиме Македонска Каменица како зелена, современа и одржлива општина.

    Затоа на 19 октомври ве повикувам да ја дадете вашата поддршка за вашиот градоначалник Димчо Атанасовски и за советничката листа предводена од Гоце Стоиловски, кандидати на ВМРО-ДПМНЕ од коалицијата Твоја Македонија.

    Гласот за број 9 значи глас за продолжување на развојот на нашата општина.

    Прочитај повеќе

    Пукање на универзитет, шест деца меѓу повредените во Талахаси

    26.10.2026 во 09:37

    Министер за меѓународни партнерства и странски инвестиции Зулфикар Зејнула во прва официјална посета на Турција: Средба со министерот за надворешни работи Хакан Фидан

    25.10.2026 во 12:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.