Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44

    Фредериксен: Гренланд не е на продажба

    07.07.2026 во 22:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Фрустрации во судницата: Семејствата на жртвите од „Пулс“ разочарани од бавното судење, дел од сведоците не се појавуваат

    Фрустрации во судницата: Семејствата на жртвите од „Пулс“ разочарани од бавното судење, дел од сведоците не се појавуваат

    22.04.2026 во 14:162 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а преку 230 беа повредени, сè повеќе се претвора во извор на фрустрација за семејствата на жртвите. Додека правдата се чека, рочиштата се одвиваат со крајно бавно темпо – често со сослушување на само еден или двајца сведоци, а дел од повиканите воопшто не се појавуваат пред судот.

    Денешното рочиште беше обележано со сведочењето на Теа Ѓоргиева, која со вознемирувачка јасност ја опиша атмосферата пред и за време на пожарот. Таа посочи на опасната близина на пиротехничките средства до гостите, што во првите моменти предизвикало само шега кај присутните, но набрзо прераснало во трагедија.

    „Гужвата беше огромна. Во еден момент паднав и останав заглавена. Мирисот беше тежок, кисел, неприроден. Слушав експлозии зад мене“, раскажа Ѓоргиева, додавајќи дека нејзиното спасување го должи на член од обезбедувањето.

    Нејзиното сведочење ги потврди сомнежите на обвинителството за употребата на леснозапаливи и токсични материјали во објектот, што во комбинација со пренатрупаноста (над 600 продадени билети) и блокираните излези, се покажа како кобно.

    Незадоволството на семејствата на жртвите станува сè повидливо. Тие се чувствуваат изневерени од бавноста на постапката, особено кога се соочени со непотребни пролонгирања, како претходниот случај кога првообвинетиот Дејан Јованов – „газда Деко“ побара медицинска помош, со што судењето се одложи за 90 минути.

    За наредното рочиште е најавено читање на обдукциските извештаи, што ќе биде нов тежок момент за семејствата кои бараат брза и ефикасна правда.

    Прочитај повеќе

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.