- Вардар со триумф во Струга ја запечати 12-тата шампионска титула по пауза од шест години
- Кина: Решението за Ормускиот Теснец е во траен прекин на огнот меѓу Вашингтон и Техеран
- Муцунски за „Еуроњуз“: Проевропската ориентација ја докажуваме со вредности, фрустрацијата од одложувањето на интеграциите ги храни хибридните закани
- Статистика на ДЗС: Речиси 18,5 милиони патници лани користеле такси-превоз во Македонија
- Судење за пожарот во „Пулс“: Прочитан исказот на клучна сведочка – сопственикот имал заштита од полицијата, а фискалните се заменувале со „црни пари“
- Ѓорѓиевски: Новиот мост на Вардар што ги поврзува „Љубљанска“ и „Скупи“ е во завршна фаза
- Клековски: ФЗО работи на техничко решение за исплатата на породилните боледувања
- Историски рекорд: Концертот на Дејвид Гета официјално распродаден – продадени 50.000 влезници за помалку од 12 часа
Author: Author 01
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, откако е исчистен одронот пред патарината кај Велес поради кој ноќеска сообраќајот се одвиваше во една лента, информираат денеска од АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.…
Популарниот српски пејач Пеѓа Јовановиќ важи за еден од најангажираните изведувачи во регионот – полни арени, реди хитови и бележи голем успех на музичката сцена. Сепак, неговиот приватен живот со години беше исполнет со турбуленции. Неговата сопруга, дизајнерката на костими за капење Ана Јовановиќ, двапати се разведуваше од него, по што следуваа смирувања. Минатата година повторно се соочија со брачна криза, иако нивниот брак трае 18 години и од него имаат три деца. Двојката и претходно поминувала низ разделби и повторни помирувања. Пејачот во неколку наврати отворено зборуваше за проблемите со алкохолот и призна дека токму зависноста и начинот на…
Од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и 191/18), и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.70/19, 98/19, 302/20, 122/21, 33/24, 208/24 и 193/25), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира: За моторни возила…
На 17.02.2026 во 10:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека во фабрика во Тетово, при извршување работни задачи со тешки телесни повреди се здобил Б.Н. (46) од Тетово. Тој е пренесен во приватна болница во Скопје за укажување на помош, од страна на екипа од СВР Тетово и инспектор од Државен инспекторат за труд извршен е увид на лице место.
Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 29 дена и завршува на 20 март. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, Рамазан е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години. Постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и духовно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но…
Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ќе одржи промотивен настан на кој официјално ќе биде презентирана и пуштена во употреба новата специјализирана опрема за депонијата Русино. Опремата е обезбедена во рамки на Регионалниот проект за управување со цврст отпад. Според информациите од Министерството, инвестицијата изнесува 1.114.200 евра и е финансирана со заем од Европска банка за обнова и развој. На настанот се најавени обраќања на претставници од Владата, од ЕБОР, од Амбасада на Швајцарија во Северна Македонија, како и од локалната самоуправа.
На македонско-словачкиот бизнис форум кој денеска се одржува во Скопје, учество ќе земат преку 20 словачки и 40 домашни компании од различни сектори . Форумот ќе го отворат министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, а целта е подобрување и развивање нови иницијативи за поголема економска соработка меѓу двете земји.
Собранието денеска треба да ја продолжи 85. седница, на чиј дневен ред се два предлог-закона – за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти и за изменување и дополнување на Законот за минимална плата. И двата акта се предложени по скратена постапка – првиот од пратеници од владејачкото мнозинство, а вториот од опозицијата. Со измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, поднесени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, се предлага продолжување на рокот за легализација за уште пет години. Наместо досегашните 15, законот би важел вкупно 20 години, односно до 3 март 2031 година. Пратеникот…
Во Драмски театар денеска ќе се одржи комеморација за актерката Ленче Делова која почина на 15 февруари годинава, на 77 годишна возраст. Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите, како што наведува Драмски, достоинствено, со збор, сеќавење, фотографија и снимка, ќе се потсетат на кариерата на македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче Делова. Ленче беше македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. На сцената на Драмски театар – Скопје, таа настапувала од 1964 година како глумец аматер. Во 1970 година, таа се вработила во Драмски театар – Скопје и работела сè до нејзиното пензионирање во 2013 година. Има освоено бројни награди како 1978: Награда „13 Октомври“ за учество во „Хамлет“ како ликот Офелија. Во 1996:…
Утрото ќе започне со ведро и студено време, а во текот на денот ќе има променлива облачност со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен југоисточен ветер, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви интервали и умерен ветер од југоисток. Во текот на ноќта и во петок, под влијание на влажен бран, ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките места дожд и снег, додека на планините ќе паѓа снег. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (до 25 l/m²), со можност за појава на локални грмежи. За викендот времето…
