Author: Author 01

Изјавата на првиот синдикалец Слободан Трендафилов дека „сите се здружиле против оваа влада“, за ВМРО-ДПМНЕ е крунски доказ дека зад синдикалните протести стојат опозициските партии СДС и Левица. „Во гостување на една телевизија, на Трендафилов му се промакна изјава која не требаше да ја каже. Ова докажа дека протестите се политички инструирани“, рече Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Манасиевски упати критика дека ССМ бил тивок во минатото. „Тоа што СДС ја покраде државата и остави прашина во касата, на Трендафилов и на ССМ не им пречеше, не се жалеа и не бараа повисоки плати. Кога ја наследивме власта не почнавме од…

Повеќе

Десетгодишно девојче е повредено во пределот на ногата од заталкан куршум во скопско Глумово. Повредите ги констатирал лекар во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Случајот бил пријавен вчера околу 16 часот во СВР Скопје. -Вчера околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Глумово, Скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче, во пределот на ногата, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди, информира МВР во денешниот полициски билтен.  Полицијата извршила увид на местото на настанот и презема интензивни мерки за откривање…

Повеќе

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, потврди дека Македонија и Албанија заеднички го испратиле извештајот за состојбата со Охридскиот регион до седиштето на УНЕСКО и дека сега се чекаат повратните препораки од организацијата на ОН. Одговарајќи на новинарски прашања рече дека проблемот со загрозеноста на статусот на Охрид е наследен и долгогодишен. „За една и пол година откога го презедов ресорот направени се големи интервенции. Донесовме заклучоци, формиравме кризен штаб и добивме седум месеци да интервенираме. Тој извештај е направен, земени се предвид сите релевантни институции и е испратен“, појасни министерот. Сепак, тој беше воздржан во прогнозите за конечната…

Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие, полицијата регистрираше три тешки сообраќајни несреќи во различни делови на државата, при што три лица се здобиле со тешки телесни повреди. Најновата несреќа се случила рано утрово (01.02) во 04:28 часот во Битола. На улицата „Партизанска“, патничко возило „мерцедес“ со бугарски таблички, управувано од 44-годишниот Б.К. од Скопје, излетало од патот и удрило директно во дрво. Возачот е хоспитализиран во Клиничката болница Битола со тешки повреди. Вчера (31.01) во 11:10 часот, на патот Прилеп-Битола кај селото Галичани, се случил верижен судир во кој учествувале четири возила („сеат“, „опел“, „рено“ и „фиат“). Во несреќата најтешко настрадал…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека првиот ден од функционирањето на системот за видео надзор и казнување „Безбеден град“ поминал без евидентирани поплаки од граѓаните. Тој откри важен детал за начинот на кој ќе функционира системот во почетната фаза – Владата и МВР одлучиле да го зголемат прагот на толеранција на 15 проценти над дозволената брзина. Ова е над европскиот стандард кој изнесува 10 проценти. „Владата и МВР одлучија на стартот да го зголемат прагот на толеранција, со цел граѓаните постепено да се навикнат на новиот систем и да не бидат казнувани веднаш. Како што ќе се навикнуваат возачите, така постепено ќе се…

Повеќе

Од денеска официјално започнаа градежните активности за изградба на булеварот „Македонија“, клучен инфраструктурен проект од кој се очекува значително да ги намали сообраќајните гужви во главниот град. Проектот е поделен на четири фази, а првата е веќе во тек со рок на изведба од 90 дена. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, при означувањето на почетокот истакна дека ова е проект за кој се говори со години, но сега конечно се реализира. „Тука сме на почеток на првиот од четирите чекори. Рокот на изведба е 90 дена, а од следната недела ќе ја почнеме тендерската постапка за втората фаза. Верувам дека…

Повеќе

Српското обвинителство го посочи Иван Драгниќ како главна алка во транспортот. Тој е косопственик на компанија во Скопје регистрирана за производство на медицински канабис, но истрагата покажа дека наместо лекови, тој шверцувал марихуана вредна 50 милиони евра за улична продажба. Според српското Јавно обвинителство за организиран криминал, Драгниќ е клучен играч во оваа меѓународна група. Она што го прави случајот „индикативен“ за истражните органи е податокот дека Драгниќ е косопственик на компанија регистрирана во Скопско за легално производство и преработка на медицински канабис. Истрагата покажала дека криминалната група дејствувала на меѓународно ниво. Во текот на јануари оваа година, групата набавила над…

Повеќе

Гостиварската полиција синоќа во рација во угостителски објект приведе четири лица, меѓу кои и една малолетничка, откако кај нив пронајде кокаин и оружје. Врз основа на судска наредба и претходни оперативни сознанија, во периодот од 19:30 до 22:45 часот, полициски службеници извршиле претрес во угостителски објект во селото Чегране, сопственост на 51-годишниот Ш.Ш. При претресот, кај 23-годишниот М.Х. биле пронајдени шест паковки со кокаин. Полицијата детално го пребарала објектот, при што во помошна просторија пронашла гасен пиштол, а во фиока од комода била откриена прашкаста материја и пари за кои постои сомневање дека потекнуваат од нелегални активности. Полицијата ги лишила…

Повеќе

Заменик-министерот Марјан Ристески најави дека се подготвуваат измени во казнената политика за трговците и добавувачите кои не го почитуваат Законот за нефер трговски практики. Според него, досегашните казни се прениски за да имаат ефект. „Инсистираме да има промени и зголемување на казните. Очекуваме сегашните казни од 20.000 евра повеќекратно да се зголемат, дури и до 200.000 евра. Освен трговците, ќе бидат казнети и добавувачите“, изјави Ристески. Тој информираше дека Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) веќе открила поголеми неправилности и отворила 30 предмети. Досега се изречени казни од околу 200.000 евра вкупно, но Ристески смета дека со зголемување на глобите…

Повеќе

Владата е подготвена да го прифати секое решение за висината на минималната плата за кое ќе се усогласат Сојузот на синдикати и работодавците, истакна денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. „Нашиот став е тие да се договорат, бидејќи најголемиот товар ќе оди на приватниот сектор каде што има 600.000 вработени, додека државата е работодавач на околу 100.000 административци. Треба да седнат на преговарачка маса, а она што ќе го договорат, Владата ќе го прифати“, рече Ристески. Тој потсети дека Владата е за покачување на платата, но врз база на реални економски параметри. Ристески нагласи дека се додека не се постигне нов договор,

Повеќе