- Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат
- Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате
- Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација
- Филипче: Кој е сега предавник?
- Додик: Путин ќе ја посети Република Српска
- Јаневска: Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, ќе се изврши дератизација и дезинфекција
- Политико: Трамп отиде во Кина за да побара помош за Иран
- Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно
Author: Author 01
Од 9:00 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, информираат од ЈП Македонијапат. Претходно, поради интензивни снежни врнежи, од 6:50 часот беше воведена забрана за движење на камиони на делниците Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку Стража. Надлежните апелираат до возачите да управуваат внимателно, да ја приспособат брзината според состојбата на коловозот и задолжително да поседуваат зимска опрема. Екипите на „Македонијапат“ се на терен и континуирано работат на расчистување и одржување на патиштата.
Премиерот Христијан Мицкоски за Канал 5 вели дека обвинителката Ленче Ристоска не е кандидат што Владата го разгледува за функцијата државен јавен обвинител. Мицкоски посочи дека конечниот став ќе биде соопштен откако Владата ќе ги разгледа официјалните документи. – „Не можам да изнесувам лични ставови без увид во записникот“, рече тој. Советот на јавните обвинители даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за државен јавен обвинител. Позитивно мислење добија сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, и обвинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното издание на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека е горд на имплементацијата на новиот систем „Сејф Сити“, посочувајќи дека бројот на сообраќајни прекршоци е драстично намален. Според него, на почетокот од тест-периодот биле евидентирани околу 120.000 прекршоци, додека сега таа бројка се движи меѓу 500 и 800 дневно, што, како што нагласи, претставува значително намалување. Тошковски истакна дека станува збор за прекршоци како што се возење со недозволена брзина, минување на црвено светло и управување нерегистрирано моторно возило, кои ги констатира системот. Во наредниот период, најави тој, системот ќе се прошири…
Ерик Дејн, актерот најпознат како доктор Слоун во хит-серијата „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy) почина на 53-годишна возраст, откако пред една година објави дека боледува од амиотрофична латерална склероза. – „Со тешко срце споделуваме дека Ерик Дејн почина во вторник попладне, по храбра битка со амиотрофична латерална склероза. Ги помина последните денови опкружен со драгите пријатели, неговата посветена сопруга и неговите две прекрасни ќерки, Били и Џорџија, кои беа центар на неговиот свет. Низ неговото патување со болеста, Ерик стана страстен активист за зголемување на свесноста, одлучен да направи разлика за другите кои се соочуваат со истата битка. Многу ќе…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Р. (25) од струшката населба Тефериќ, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „давање лажен исказ“. Според пријавата, тој во Отсекот за управни работи лажно пријавил дека ја изгубил возачката дозвола, иако во тој период имал активна забрана за управување со моторно возило. Притоа, поднел и барање за издавање нова возачка дозвола.
На 17 февруари 2026 година, во 07:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле 17-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава за физички напад. Според пријавеното, во автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Кисела Вода, малолетникот заедно со уште неколку лица физички ги нападнале Д.Б. (18) и Б.Ј. (18), двајцата од Скопје. Надлежните служби преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.
На 18.02.2026 во 16:20 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Б.З.(38) од Косово. При гранични проверки и пасошка контрола е констатирано дека на увид приложил фалсификувана возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
СВР Штип поднесе кривична пријава против И.П.(35) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 26/27.12.2025 на своето работно место како благајник во приватна фирма од Скопје, пријавената одзела дел од парите од касата, кои и биле доверени, при што се стекнала со противправна имотна корист од 212.000 денари.
„Во текот на денот беа поднесени кривични пријави до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против 10 лица, од кои двајца веќе се наоѓаат во притвор. Сите тие се директно или индиректно поврзани со произведената дрога“, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на ТВ 21. Осомничените биле изведени пред судија на претходна постапка, при што за дел од нив е одредена мерка притвор. Тие се товарат дека учествувале во транспортот на марихуаната од земјава кон Србија. „Постојат основани сомнежи дека овие лица се поврзани со транспортот на дрогата што беше запленета во Србија“, додаде…
Поради врнежи од снег од 7.40 часот се воведува забрана за сообраќај за камиони и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, соопшти ЈП „Македонијапат“. За другите видови возила е задолжителна употребата на зимска опрема. ЈП „Македонијапат“ утрово информираше и дека поради обилни врнежи од снег од 6.50 часот е воведена забрана за сообраќај на камиони на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.
