Author: Author 01

Дождливо утро во Македонија. УХМР соопштува дека времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе преминуваат во снег, а на повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Во источните делови од државава ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3…

Повеќе

Шведската јавност е згрозена од случајот на тешко подведување во кој сопруг ја принудувал својата жена на сексуални односи со најмалку 120 мажи. Иако првично се говореше за бројка од околу 30 лица, истрагата покажала дека обемот на злоупотребата е многу поголем. Според агенцијата ДПА, прекршоците се случувале во текот на неколку години, при што мажот организирал средби и физички и преку интернет, нудејќи сексуални услуги на различни веб-страници. Жената сама го пријавила случајот во полиција. Во потресно сведоштво за шведското радио, таа изјавила дека во некои случаи била под дејство на дрога и алкохол до толкава мера што имала…

Повеќе

Ана Брнабиќ, меѓународната секретарка на СНС, остро реагираше на соопштението на СДСМ во кое се тврди дека српскиот претседател Александар Вучиќ се однесувал навредливо кон новата заменичка генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска. Брнабиќ ги нарече обвинувањата „срамни“, барајќи од македонската опозиција да не ги извртува зборовите, но и да не го релативизира кршењето на меѓународното право. „Сакам јасно да подвлечам дека Александар Вучиќ не кажа ниту еден лош или несоодветен збор за г-ѓа Радмила Шекеринска. Секој што сака и кого го интересира вистината, може да се увери во тоа слушајќи ја снимката од изјавите во Минхен“, истакна Брнабиќ. Таа…

Повеќе

Израелската продуцентка Дана Еден (52), позната како авторка на наградуваната шпионска серија „Техеран“, вчера беше пронајдена мртва во хотел во центарот на Атина. Според првичните и неофицијални информации од грчката полиција, најверојатно станува збор за самоубиство. Еден престојувала во грчката метропола поради снимањето на четвртата сезона од успешната серија на „Apple TV“, која во 2021 година освои и меѓународна награда Еми. Токму таа била иницијатор Атина да се користи како филмска локација која визуелно го заменува Техеран. Нејзината продуцентска куќа „Donna and Shula Productions“ веднаш реагираше за да ги спречи гласините. „Ги отфрламе како лажни и неосновани гласините дека смртта…

Повеќе

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, упати јавен повик до синдикатите да се вратат на преговарачката маса наместо да протестираат. При денешната посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, тој истакна дека проблемот со минималната плата може да се реши исклучиво преку дијалог. Коментирајќи ги протестите на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Азески беше дециден: „Стопати сум повторил – дијалог, дијалог и дијалог. Протестот не е никакво изразување на мислење, тоа може само да ја искомплицира работата. Што да речам јас сега, да дадам изјава дека имаше 21 претставник на Синдикатот пред Комора? Тогаш веднаш ќе се…

Повеќе

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во Будимпешта порача дека односите меѓу САД и Унгарија се на историски највисоко ниво, нарекувајќи го овој период „златна фаза“ на соработка. На средбата со премиерот Виктор Орбан беше потпишан нов договор за соработка во областа на нуклеарната енергија, а беше потврдено и враќањето на безвизниот режим за унгарските граѓани кои патуваат во САД. „Унгарија стана важен партнер на САД. Под водство на премиерот Орбан, земјата создаде стабилна деловна средина“, изјави Рубио. Тој истакна дека од јануари минатата година се донесени одлуки за 17 нови американски инвестиции во Унгарија, што е рекордна бројка. Орбан возврати со пофалби за американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи…

Повеќе

По повеќе од една година политички ќорсокак, косовскиот парламент ја изгласа новата влада предводена од премиерот Албин Курти. Со 66 гласови „за“ во 120-члениот дом, лидерот на „Самоопределување“ (Vetëvendosje) обезбеди мнозинство благодарение на поддршката од партиите на етничките малцинства, откако на декемвриските избори освои 57 пратенички места. Новиот кабинет се соочува со итни предизвици, пред сè одобрување на буџетот за 2026 година, кој е клучен за деблокирање на меѓународни заеми и пакети за помош вредни стотици милиони евра. „Во следните четири години ќе ги зајакнеме сојузите и ќе инвестираме една милијарда евра во одбраната“, вети Курти во своето експозе. Сепак,…

Повеќе

Туристичкиот сектор во земјава минатата година (2025) забележал раст. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), вкупниот број на туристи е зголемен за 6,0% во однос на 2024 година. Овој раст се должи исклучиво на странските посетители. Бројот на странски туристи скокнал за 10,3%, додека кај домашните туристи е регистриран пад од 2,2%. Слична е ситуацијата и со ноќевањата, кои бележат вкупен раст од скромни 0,8%. Странците оствариле 6,4% повеќе ноќевања, додека домашните гости ноќевале за 4,1% помалку во споредба со претходната година. ДЗС објави податоци и за декември 2025 година, каде доминацијата на странците е уште поизразена – тие сочинувале 63,3%…

Повеќе

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска напладне ќе ја реализира втората од најавените три предупредувачки блокади. По Собранието, на ред е Стопанската комора во центарот на Скопје, каде синдикалците ќе го искажат револтот кон работодавачите. Главните барања на ССМ остануваат непроменети: зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно покачување на сите останати плати за 6.000 денари. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, изјави дека блокадата ќе ја изведат 21 претставник, согласно законскиот минимум, но повика и други да се приклучат. „Пред Стопанската комора ќе блокираме газди што ги блокираат работниците 36 години. Газди што одбија да ги зголемат платите, а кукаат…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Карпош, каде што ќе присуствува на свечениот чин на поставување камен-темелник за изградба на нова спортска училишна сала во Основното општинско училиште „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае. Овој проект треба да ги подобри условите за настава по физичко образование и спортски активности за учениците од ова училиште. Од владината прес-служба информираат дека по настанот е предвидена изјава за медиумите од страна на премиерот, каде се очекува тој да се осврне на тековни политички и економски прашања.

Повеќе