- Филипче: Се повлекуваме од Комисијата, СДСМ нема да учествува во брутално, задолжување на државата за криминални тендери
- Во април: Годишен раст од 9,3% на вкупните депозити и од 13,3% на вкупната кредитна поддршка
- Хороскопски знаци кои остануваат во лоши врски
- Милошоски: Приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално и паушално во случајот Мазут
- Манасиевски: Македонија не смее да потклекне поради криминалот на Филипче и Заев
- Филипче: Поради Мицкоски изгубивме 200 милиони евра од ЕУ
- СДСМ: Падна лажниот патриотизам на ВМРО
- Крвава ноќ со дронови: Жртви во Русија и Украина, погоден град на 1.000 километри од границата
Author: Author 01
Демократската унија за интеграција преку соопштение до јавноста изразува крајно негодување од однесувањето на бројни политички партии, кои преку своите јавни настапи, според нив извршиледлабока политизација на случајот со Артан Груби, кој беше уапсен пред два дена на Граничниот премин Блаце. -Изминативе два дена сведочиме на тоа како политичките партии, нивни високи претставници и активисти, преку соопштенија и други јавни настапи, создаваат атмосфера на хистерија и линч преку однапред дефинирана пресуда. Тие целосно ја преземаат улогата на обвинители и судии, расфрлајќи се со мерки за претпазливост, јавно повикуваа на линч на претставниците на обвинителството и судот, без никакво елементарно почитување…
Во Тетово денеска започнува дводневниот настан Global Digital City 2026, посветен на развојот на BPO и ИКТ секторот, унапредување на дигиталните вештини, иновациите и зголемување на вработливоста кај младите. Како што информираат организаторите, настанот ќе ги собере институциите, претставници на индустријата, меѓународни компании, академската заедница и млади професионалци од регионот, со цел размена на искуства и поттикнување соработка. Во рамки на програмата се предвидени обраќања, панел-дискусии, обуки и презентации на компании, како и организирани средби за вмрежување и други активности. Посебен акцент ќе биде ставен на можностите за вработување и развој на практични вештини кај студентите и младите лица.
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи настан на тема „Унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост“, на кој ќе бидат презентирани резултатите од анализа за предизвиците со кои се соочуваат семејствата на лицата со попреченост, како и предлог-решенија поврзани со нивниот медицински третман. Според собраниската прес-служба, настанот го организира Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост, во соработка со „Зета – организација за попреченост и правда“, Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, „Порака“ – Неготино и „Еко – Живот“ – Кавадарци. Активноста е дел од проектот „Соочување…
На 23.02.2026 во 20:30 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Б.Ф.(33) од Скопје. Според МВР, скопјанецотагресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
АМСМ денеска информира за состојбата на патиштата низ Македонија. Според информациите, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани…
Амбасадорот на Европска Унија во земјава, Михалис Рокас, денеска ќе престојува во Прилеп, во рамки на иницијатива насочена кон подобро информирање на јавноста и приближување на европските политики и интегративниот процес до локалните заедници. Агендата предвидува средба со градоначалникот Дејан Проданоски, по што ќе се одржи состанок и со членовите на Општинскиот совет. Разговорите ќе се фокусираат на придобивките од членството во ЕУ и на конкретните ефекти од европската поддршка врз секојдневието на граѓаните во регионот. За време на посетата, амбасадорот ќе се сретне и со претставници на граѓанскиот сектор, како и со Младинскиот совет при Општина Прилеп.
Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. На претходното рочиште сведочеа неколку лица кои кобната вечер биле присутни во дискотеката. Тие зборуваа за паниката и хаосот што настанале кога огнот и густиот чад ја зафатиле преполната сала, како и за траумите и последиците со кои се соочуваат и денес. За денеска е најавено сослушување на уште петмина сведоци. Во воведното излагање на почетокот од процесот, обвинителот Борче Јанев нагласи дека…
Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи својата 89-та седница, на чиј дневен ред се повеќе кадровски и законски предлози. Пратениците ќе разгледуваат предлог за именување претседател и членови на Регулаторната комисија за домување, како и предлог-одлуки за распишување јавен оглас за избор на претседател и член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Предвидено е и објавување оглас за избор на директор и заменик-директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, како и огласи за избор на членови во Комисијата за спречување…
Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен и на места ќе достигнува брзина до 50 км/ч, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималните температури ќе се движат од -2 до 6 степени, додека максималните ќе бидат меѓу 9 и 16 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во одредени делови од котлината повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 1 степен, а дневната ќе достигне…
Државата во текот на наредниот месец треба да ја исплати првата рата од солидарниот данок што компаниите го уплатија во 2023 година, согласно Законот за данокот на солидарност. Од Министерството за финансии за МИА информираат дека процесот на враќање на средствата веќе е започнат. Донесен е правилник за изменување и дополнување на правилникот со кој се уредува формата и содржината на образецот за барање за поврат на повеќе или погрешно наплатен данок, а истиот е објавен во „Службен весник“. Компаниите треба да поднесат барање за поврат на средствата до Управата за јавни приходи, појаснуваат од Министерството за финансии. Со Законот…
