Author: Author 01

Пред 22 години, на 26 февруари, во близина на Ротимље кај Мостар, во авионска несреќа трагично загина поранешниот претседател Борис Трајковски, заедно со членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Годишнината од трагедијата денеска се одбележува во Скопје, во неговата родна Струмица, како и во Ротимље. Семејствата на настраданите, како и државни и други делегации, ќе положат цвеќе на неговиот гроб на Градските гробишта Бутел во Скопје, како и на спомен-обележјата во Ротимље и Струмица. Во несреќата во 2004 година, покрај претседателот Трајковски, животот го загубија и Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од неговиот кабинет, Миле…

Повеќе

Времето денес ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарјето повремено ќе биде засилен, особено во претпладневните часови. Минималните температури ќе се движат од -4 до 5 степени, додека максималните ќе бидат меѓу 9 и 16 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од север. Температурата ќе се спушти до 0 степени наутро, а преку ден ќе достигне до 14 степени. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, до крајот на неделава и на почетокот на следната, подрачјето ќе…

Повеќе

Секојдневните заложби на функционерите од редовите на Движењето ЗНАМ се во насока на почитување на Уставот и законите, истите да важат и да се спроведуваат еднакво за сите, се наведдува во реакцијата на ЗНАМ која ја пренесуваме интегрално. Принципиелноста и владеењето на правото не се само апстрактни идеали, тие се темелот врз кој е изградено Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, темелот врз кој стои целата наша политичка борба. Ниту денес, ниту утре, нема да отстапиме од тие идеали. Кога министерот за правда, Игор Филков, бара одговорност со име и презиме, не станува збор за мешање во правосудството, туку обид да…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утре и задутре ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска Гордан Грлиќ Радман. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, за европската интеграција на земјата и за можностите за искористување на хрватското искуство во процесот на пристапување кон Европската Унија. Дополнително, ќе се разгледува соработката во рамки на НАТО, регионалните прашања и актуелните меѓународни случувања.

Повеќе

Ана Костадовска, придружен вокал и соработник на музичката група ДНК, денеска сведочеше за хоророт во дискотеката Пулс во Кочани, на 16 март 2025 година. На судењето кое го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинителството е застапувано од тим од 15 јавни обвинители, Костадиновска кажа дека таа не била постојан член на бендот, туку била ангажирана по потреба, зависно од настапите, додавајќи дека заедно со неа настапувала и Сара Пројковска. За техничката поддршка бил задолжен Мартин Атанасов, додавајќи дека лично никогаш не видела кој ги поставувал прскалките на сцената, иако тие со години се користеле без да предизвикаат проблеми. -„Стоеја до…

Повеќе

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички. За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои…

Повеќе

На 26, 27 и 28.02.2026 година (четврток, петок и сабота), во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува г-дин Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија. Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје. СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Повеќе

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на сопственикот Дејан Јованов, побара негово префрлување во затворот во Идризово, поради тврдења дека персоналот во затворот во Куманово се однесува „нечовечки и понижувачки“ кон него. Таа исто така истакна дека судницата е блиску до затворот, а Јованов има здравствени проблеми и потреба од лекарска интервенција. Адвокатот Петре Шилегов, кој го застапува Шефкет Хазари од Министерството за економија, побара преиспитување на обвинението за да се види кој е директно инволвиран и да се издвојат постапките, како и одложување на рочиштето. Судот го одби ова барање, образложувајќи…

Повеќе

Силно се развива авиосообраќајот во Македонија. Ова денеска на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук го напиша вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа. Аеродромите во државата со се поголем број на патници стануваат лидери во регионот. Продолжуваме во период кој следи со уште повеќе активности со цел зајакнување на авиосообраќајот, напиша Николоски.

Повеќе

Здружението на јавните обвинители на Република Северна Македонија упати итна јавна реакција до Собранието, на чиј дневен ред денеска се платите на функционерите, судиите и обвинителите. Во рамки на седницата ќе се расправа и за повеќе законски измени по скратена постапка, меѓу кои измените на законите за ветеринарно здравство, за идентификација и регистрација на животните, за пратениците, како и за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица. Дополнително, на дневен ред се и предлог-измени на законите што се однесуваат на платите на јавните обвинители, судиите, членовите на Советот на јавните обвинители и на Судскиот совет, исто така по…

Повеќе