- Иднината пристигна: Кина го пушти во работа првиот подводен дата-центар со вештачка интелигенција
- Хороскопски знаци кои глумат дека ништо не ги повредува
- Николоски: Во 2031 година ќе имаме брза пруга од граница со Србија до граница со Грција
- Дипломатска офанзива: Иран го разгледува новиот американски предлог по посетата на пакистанскиот посредник
- Филипче: Стравот што го продава власта е лажен – ЕУ не го загрозува македонскиот идентитет
- Али Ахмети се сретна со Рокас
- Филипче оствари средба со хрватскиот главен преговарач на Хрватска за ЕУ
- Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
Author: Author 01
На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје денеска ќе се одржи свечен час по повод 80-годишнината од објавувањето на „Македонската граматика“ од Круме Кепески. На настанот ќе се обратат деканот на факултетот, проф. д-р Владимир Мартиновски, и раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Искра Пановска – Димкова. Пригодни обраќања ќе имаат и проф. д-р Димитар Пандев и проф. д-р Јованка Кепеска.
На 26, 27 и 28.02.2026 година (четврток, петок и сабота), во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува г-дин Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија. Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје. СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија. Денеска Бегај ќе се сретне со градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, додека утре ќе биде пречекан од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова и ќе оствари средби со претставници на државниот врв. Од Општина Чаир соопштија дека градоначалникот Меџити, во духот на унапредување на институционалната соработка и зацврстување на одличните билатерални односи, ќе го пречека претседателот Бегај со свечен прием. По средбата, заедно со придружната делегација, тој ќе ја посети џамијата Мустафа Паша и Старaта чаршија, каде ќе положат цвеќе на споменикот на националниот херој…
Во Собрание на Република Северна Македонија, во рамки на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, денеска ќе се одржи јавна расправа за претставување на кандидатите кои ги исполнуваат условите од Огласот за избор на член на Судски совет на Република Северна Македонија, што го избира Собранието. На огласот се пријавиле десет кандидати, но работната група формирана од Комисијата утврдила дека шестмина ги исполнуваат пропишаните критериуми. Пред членовите на Комисијата ќе се претстават: Арбер Исаку, дипломиран правник со положен правосуден испит од Тетово; Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од село Чејле, Гостивар; Сабедин Даути, дипломиран правник со…
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, но по претежно суви коловози. Сите патни правци се проодни, информира ЈП Македонијапат. На делниците што минуваат низ клисури и усеци постои можност за појава на помали одрони, поради што се препорачува зголемена внимателност. Од претпријатието апелираат возачите да управуваат претпазливо, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот.
Потпретседателот на Собрание на Република Северна Македонија, Антонијо Милошоски, денеска и утре ќе учествува на Конференцијата на претседатели на парламенти од Југоисточна Европа што ќе се одржи во Будимпешта, во организација на Национално собрание на Унгарија. Како што информираат од Собранието, станува збор за традиционален меѓупарламентарен форум што се одржува од 2004/2005 година и претставува важна платформа за политички дијалог и продлабочување на парламентарната соработка во регионот. Главниот акцент е ставен на регионалната соработка, европската интеграција и заедничкото справување со актуелните политички, економски и безбедносни предизвици. Во рамки на агендата, на 27 февруари ќе се одржи 12-тото издание на Конференцијата,…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска попладне и утре ќе биде домаќин на шефот на хрватската дипломатија, Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Во рамки на посетата, двајцата министри ќе разменат мислења за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за напредокот на Северна Македонија во процесот на европска интеграција, со акцент на можностите за искористување на хрватското искуство од пристапувањето во ЕУ. На агендата ќе се најдат и теми поврзани со соработката во рамки на НАТО, регионалната стабилност и актуелните меѓународни предизвици. Хрватскиот министер ќе биде пречекан во 16:15…
Во Собрание на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи 86. пленарна седница, на чиј дневен ред се пратенички прашања. Оваа седница традиционално се одржува секој последен четврток во месецот, при што прашањата до премиерот и ресорните министри најнапред ги поставуваат пратениците од опозицијата. Исто така, секој последен четврток во месецот се реализира и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со претставниците на медиумите.
Известувачот на Европски парламент за Северна Македонија, европратеникот Томас Вајц, денеска пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) ќе го претстави годишниот нацрт-извештај за напредокот на земјата. Во документот тој оценува дека во актуелниот геополитички контекст, од клучно значење е сите политички чинители, особено Владата, да испорачаат конкретни резултати во суштинските реформски области. Истовремено, посочува дека и ЕУ и земјите членки треба да ги исполнат своите обврски и активно дипломатски да ја поддржат државата на нејзиниот евроинтегративен пат. Ова е втор извештај на Вајц за земјата од 2022 година наваму. Во образложението тој наведува дека целта е да се даде објективна…
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ќе се обратат на завршниот настан на проектот „ЕУ поддршка за развој на капацитети за сајбер-безбедност во Северна Македонија“. Настанот ќе се одржи во просториите на Министерството за дигитална трансформација, каде што ќе бидат претставени спроведените реформи во областа на сајбер-безбедноста, ќе се нагласи поддршката од Европската Унија и ќе се презентираат идните насоки за соработка, вклучително и активностите во рамки на програмата „Cyber Balkans“. Проектот се реализира во партнерство со Делегација на Европската Унија во Северна Македонија и e-Governance Academy (eGA), како дел од пошироката иницијатива на ЕУ…
