- Иднината пристигна: Кина го пушти во работа првиот подводен дата-центар со вештачка интелигенција
- Хороскопски знаци кои глумат дека ништо не ги повредува
- Николоски: Во 2031 година ќе имаме брза пруга од граница со Србија до граница со Грција
- Дипломатска офанзива: Иран го разгледува новиот американски предлог по посетата на пакистанскиот посредник
- Филипче: Стравот што го продава власта е лажен – ЕУ не го загрозува македонскиот идентитет
- Али Ахмети се сретна со Рокас
- Филипче оствари средба со хрватскиот главен преговарач на Хрватска за ЕУ
- Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
Author: Author 01
ЕБОР ја заврши поддршката на два проекти за развој на работната сила во Северна Македонија Во Битола, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одржа завршен настан и церемонија за доделување сертификати, со што успешно го означи завршувањето на два проекти за развој на работната сила. Проектите ја поддржуваат Северна Македонија во праведната транзиција од јаглен кон зелена енергија, соопшти ЕБОР, а МИА го пренесува интегрално соопштението. Проектите се реализирани во соработка со Владата на Северна Македонија, државната компанија АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) и Инвестициската платформа за праведна транзиција на Северна Македонија. Нивната цел е да ги поддржат…
Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со групата поранешни функционери кои глумат невини и чесни, а од друга страна е Артан Груби на кого овие првите додека беше во бегство лично го натоварија за сите политички и коруптивни зла на ДУИ, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. -Вистина е дека Артан Груби не е „обичен“ поранешен функционер, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата подвижна архива на една партиска шема што со години се…
На граѓаните им веќе јасно и знаат сè. Разоткриенo е секое делче од договореното сценарио и политичките дилови со кои се урна правата држава. Режирана претстава на границата. Со наочари, насмевка, лисици. Фалеше уште црвен килим за Груби. Ова го велат СДСМ во соопштение за јавноста. -Смислено сценарио и пречек со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола ВМРО преку Орбан. Потоа крешендо со одредување куќен притвор од обвинителството и сдуството под контрола на ВМРО-ОКГ. И на крај целосно разобличување. Обвинителството соопшти дека МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“,…
Следната недела започнува првата реконструкција на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, по неговата изградба, најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Според него, претходно беа преземени активности за легализирање на аеродромот, што беше сложен процес. -„Реконструкцијата ќе биде прва од тој тип од неговото градење. До неодамна аеродромот беше нелегален објект – постоеше физички, но не и на хартија. Успеавме да го легализираме, што е важно за државата. Сега следува реконструкцијата која ќе донесе повеќе летови и патници. Очекувам туристичкиот сообраќај да се насочи кон Охрид, а бизнис летовите кон Скопје“, изјави Николоски во поткастот на ТВ Сител,…
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова утре ќе биде домаќин на претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, кој ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија, соопшти Кабинетот на македонската претседателка. Бегај ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите и пленарен состанок на македонската и албанската делегација. Во рамки на официјалната посета, претседателот Бегај ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Денеска, пред официјалната програма, албанскиот претседател ќе има средба со градоначалникот на Чаир, Изет Меџити. Општина Чаир соопшти…
Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа милионскиот криминал на Груби се со цел да останат ден повеќе на власт и да не им се растури коалицијата со ДУИ, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Милионски криминали и злоупотреби се случувале во Државна лотарија под покровителство на СДС и ДУИ. По апсењето на Артан Груби, СДС се во целосна конфузија и нервоза пoради стравот од сведочењето на Груби и евентуалните искази што би можело да допрат и до поранешни високи функционери на СДС. Изјавата на потпретседателката…
СВР Битола утрово информира дека е регистриран нов случај на измама на возрасна жена од страна на лажен лекар. 84-годишна битолчанка била измамена за 9.600 евра. Според пријавата, вчера околу 16:00 часот лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ рекло дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и итно мора да се оперира. Парите ѝ биле земени од лице кое дошло пред нејзината зграда. Подоцна, откако се слушнала со ќерката, сфатила дека била измамена. Ден претходно, 83-годишен битолчанец пријавил сличен случај, кога измамникот се претставил како лажен лекар и му рекол дека неговата внука се здобила со…
Во Крива Паланка денеска ќе се одржи мирен протест поради фамозниот проблем со кравите и со нивното неконтролираното движење и штетите што тие ги предизвикуваат врз приватен имот и земјоделски површини. Како што информираат од Општина Крива Паланка, протестот е организиран од граѓани, а поддржан од претставници на 16 месни заедници. Локалната самоуправа испрати потсетување до јавноста и медиумите за одржувањето на собирот, нагласувајќи дека станува збор за мирен протест. „Општината ја поддржува законската рамка и целосното спроведување на донесените решенија и ја повикува јавноста на одговорно и мирно учество“, се наведува во соопштението. Од локалната власт апелираат граѓаните да го изразат својот став на…
Минималните температури утринава се спуштија до -4°C во Берово, -3°C во Попова Шапка, -2°C во Маврови Анови, Битола и Струмица, и -1°C во Скопје-Петровец, Охрид, Тетово, Крива Паланка и Крушево. Температурата се движеше околу нула степени во Демир Капија, Претор, Прилеп, Велес и Пожаране, додека во Ѓуриште, Виница, Кавадарци и Гевгелија утринава беа измерени 2°C. Најтопло беше во Куманово, Штип и Скопје-Зајчев Рид со 3°C. Според информациите од Управа за хидрометеоролошки работи, на Попова Шапка е забележана и најголемата снежна покривка во земјата, која изнесува 88 сантиметри. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува…
Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно. Директорот на истражниот затвор јавно соопшти дека нема поплаки, дека е извршен лекарски преглед и дека неговата безбедност е гарантирана. Само неколку часа подоцна, Министерството за внатрешни работи на чело со Панче Тошковски и Агенцијата за национална безбедност со Бојан Христовски, презентираат проценки без воопшто да направат каква било проценка, дека неговата безбедност не може да се гарантира, по што обвинителството го прифаќа тоа како клучен аргумент за замена на притворот со куќен притвор, се наведува во денешното соопштение на…
