Author: Author 01

Пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани не бил првиот инцидент поврзан со употреба на пиротехника на настапите на музичката група ДНК. Ова пред судот го откри Горан Игновски, сопственик на продавница за пиротехника, кој сведочеше за техничките аспекти на средствата користени во кобната ноќ. Според неговото сведочење, пред кочанската трагедија, на настап на ДНК во ресторан во Гевгелија се запалиле платно и звучници. „За овој инцидент ми раскажа колегата од Гевгелија, Јани Мурџиев, кој работи со озвучување. Не знам точно кога се случило тоа“, изјави Игновски пред судијата. Фокусирајќи се на пожарот во Кочани, сведокот посочи дека откако ги прегледал…

Повеќе

Дваесет и петгодишниот Е.А. од Скопје е лишен од слобода откако полицијата открила дека со денови држел во заробеништво, физички малтретирал и силувал 22-годишна жена. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, жртвата неодамна пристигнала од Германија за да се сретне со осомничениот, со кого претходно се познавала. Пеколот за младата девојка започнал на 23 февруари оваа година, кога во неговиот дом во скопската населба Гази Баба тој физички ја нападнал, извршил обљуба врз неа и постојано ѝ упатувал закани по животот. За да го прикрие делото и да ја спречи да побара помош, насилникот ѝ го одзел мобилниот телефон…

Повеќе

На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот, во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворот пронашол стара граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата, при што е утврдено дека се работи за минофрлачка граната од 75 мм, потекло од Првата светска војна.

Повеќе

Изразувам длабоко сочувство до семејството, роднините и пријателите на прерано починатиот наш другар и сопартиец, Горанчо Крстев – Грга. Ова со тага на социјалната мрежа Фејсбук го напиша Венко Филипче. – Грга беше човек со големо срце, секогаш меѓу луѓето, со искрена желба да помогне секому. Како претседател на Општинската организација на СДСМ во Чешиново-Облешево и како поранешен градоначалник на оваа општина, се бореше за подобри услови за живот за сите граѓани. Ќе го паметиме по неговата човечност, по подадената рака и по истрајноста со која работеше за доброто на заедницата. Неговиот придонес и во партиските активности и во развојот…

Повеќе

Како дел од здравствено-превентивните активности, а во рамки на одбележувањето на Неделата на борба против ракот, од 1 до 8 март под мотото „Превенцијата спасува животи“, активистите на охридската организација на Црвениот крст организираат активности за подигање на јавната свест за превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања. Во таа насока, Црвен крст – Охрид денеска од 11 часот организира предавање за малигните заболувања, со посебен акцент на рак на простата, кое ќе се одржи во просториите на организацијата. Секоја година во светот повеќе од 12 милиони луѓе заболуваат од некој вид на рак, а 7,6 милиони го губат животот…

Повеќе

Горанчо Крстев – Грга, поранешниот градоначалник на Општина Чешиново-Облешево, почина на 55-годишна возраст. Тој починал во Турција, каде што престојувал, јави Фокус. Крстев беше македонски политичар и поранешен градоначалник на Општина Чешиново‑Облешево. Тој ја извршуваше функцијата градоначалник од 2017 до 2021 година како кандидат и член на Сојузот на Социјалдемократска Македонија (СДСМ). Крстев беше активен и во локалниот политички живот и се споменуваше како кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ за Чешиново‑Облешево на изборите во 2025 година.

Повеќе

Копаоник бизнис форум, кој се одржува од 1 до 4 март, го става фокусот на теми што го обликуваат современиот глобален и регионален контекст. Дискусиите опфаќаат индустриска политика и конкурентност, инвестиции и пазар на трудот, дигитална трансформација и одржлив развој, во присуство на лидери од бизнисот, академската и политичката сцена од регионот, како и меѓународни експерти од различни области. Централна тема на Форумот е „Индустриската политика во функција на долгорочниот економски раст на Србија“, се наведува во соопштението од Стопанската комора на Северна Македонија. Претседателот на Стопанската Комора Бранко Азески, денеска (2 март 2026 година), е панелист на тема: ЗАЕДНО…

Повеќе

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и за безбедноста, нашиот став е јасен и непоколеблив: целосна солидарност со СоединетитеАмерикански Држави и со секој напор за заштита на мирот, стабилноста и глобалната безбедност, стои во соопштението на ДУИ. -Сојузот со САД не е само дипломатска ориентација, туку стратешка и вредносна определба. Наш избор е да стоиме на страната на демократијата, основните слободи, владеењето на правото и меѓународната одговорност. Нашата држава, а особено албанскиот народ, добро знае што значи американска поддршка во клучните моменти од историјата, и затоа и денес стоиме рамо до рамо со нашиот најголем стратешки партнер, велат…

Повеќе

Утринава во Македонија се измерени минусни температури, при што најстудено беше во Берово со -6 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Температура од -3 степени е регистрирана во Битола, -2 во Скопје (Петровец), Крива Паланка, Демир Капија и Струмица, -1 во Тетово, Претор, Прилеп, Штип, Велес и Гевгелија, додека 0 степени се измерени во Охрид, Кавадарци, Маврови Анови и Попова Шапка. Највисока утринска температура од 2 степени е измерена во Виница и Крушево, а 1 степен во Скопје (Зајчев Рид). Снежна покривка има само на Попова Шапка, каде се измерени 77 сантиметри снег. Според прогнозата на УХМР, денес времето…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера попладне оствари телефонски разговор со државниот министер за надворешни работи на Државата Катар, Султан бин Саад Ал Мураихи. – Во разговорот, министерот Муцунски го осуди отворениот ирански напад врз територијата на Катар, оценувајќи го како сериозна повреда на меѓународното право, вклучително и на принципите за државен суверенитет и територијален интегритет. Тој изрази цврста солидарност и поддршка за Катар, потврдувајќи ја поддршката за мерките и одлуките преземени за заштита на безбедноста и стабилноста на државата, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во соопштението се наведува дека Муцунски нагласил оти…

Повеќе