Author: Author 01

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска точно во 12:05 часот ќе одржи голем работнички протест во Скопје. Главните барања на Синдикатот се јасни и децидни – зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно покачување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари. Протестниот марш ќе започне пред Работничкиот дом (зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“), по што работниците ќе се упатат кон клучните институции. Рутата ќе се движи низ центарот на градот, со предвидени застанувања пред Собранието, Стопанската комора и пред Владата на булеварот „Илинден“. Токму на овие локации, претставниците на ССМ ќе ги испорачаат своите пораки до надлежните и до работодавачите. Претседателот…

Повеќе

Една година по катастрофалниот пожар во Кочани кој ја потресе целата нација, државниот врв порача дека болката останува, но и обврската да се изградат институции кои нема да дозволат повторување на ваква несреќа. Премиерот Христијан Мицкоски, во своето воведно обраќање на меѓународната конференција во Скопје, посветена на институционалните и клиничките аспекти по трагедијата, емотивно се осврна на кобниот настан. „Трагедијата во Кочани остави длабока рана во нашето општество. Во една ноќ се прекинаа животи, се променија судбини и се отвори болка која ќе остане долго во сеќавањето на нашата држава“, рече Мицкоски, изразувајќи длабока почит кон жртвите, нивните семејства и…

Повеќе

Огнената стихија на планината Јабланица наложи итно вклучување на воздушна поддршка, откако исклучително непристапниот и тежок планински терен целосно го отежна и оневозможи гаснењето на пожарот од копно. За справување со критичната состојба, по барање на градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, а во директна координација со директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, во акцијата се вклучени два хеликоптери на Армијата на Република Северна Македонија. Нивниот ангажман е од клучно значење за спречување на понатамошното ширење на пламените јазици низ недостапните шумски предели. Паралелно со драмата на Јабланица, струшкиот регион се соочува со уште едно сериозно…

Повеќе

Скопје денеска е домаќин на значајна меѓународна конференција посветена на институционалните и клиничките аспекти, како и на решенијата кои произлегоа по катастрофалниот пожар во Кочани. Настанот обедини високи државни претставници, меѓународни експерти и водечки медицински професионалци од земјава, регионот и од Европа, со цел да се направи детален пресек на кризниот одговор и да се утврдат идните системски чекори. Конференцијата беше отворена со емотивно обраќање на премиерот Христијан Мицкоски, кој враќајќи се на кобниот 16 март 2025 година, истакна дека тоа не бил само неговиот најтежок ден во политичката кариера, туку неговиот најтежок ден воопшто во животот. Покрај премиерот, на…

Повеќе

Празникот на жената помина во знакот на семејно насилство за повеќе семејства низ државата. Министерството за внатрешни работи бележи дури осум пријавени настани само во текот на осмомартовското деноноќие, при што од слобода се лишени шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и виничко. Најголемиот број инциденти се регистрирани во главниот град, каде мета биле претежно сопруги и поранешни партнерки. Во скопската населба Карпош, полицијата уапсила 48-годишен маж кој во семејниот дом физички ја нападнал својата сопруга и кршел дел од покуќнината. Во истата општина зад решетки завршил и 52-годишен скопјанец кој среде бракоразводна постапка им се заканувал на сопругата и…

Повеќе

Дизелот од полноќ ќе скокне за 14,5, а бензинот за 5 денари. Ова е еден највисокиот историски скок на цените на дизелот во Македонија од јули 2019 година до денеска. Веб страницата Гориво.мк, преку графички приказ го покажува движењето на цените на дериватите во последните шест години. Македонците најскапи горива плаќале во јуни 2022 втора, по стартот на воената инвазија на Украина од страна на Русија. Тогаш цената на бензинот бил 111,5 денари, додека цената на дизелот изнесувала 107,5 денари. Според последната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика, од полноќ дизелот ќе се продава по цена од 85,5 денари, а…

Повеќе

Донесена е нова одлука за највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт во државата. Дизелот поскапува за 14,5, а бензинот за 5 денари. Според новиот ценовник, дизел горивото (ЕУРОДИЗЕЛ БС) ќе се продава по цена од 85,50 денари за литар, додека цената на најкористениот моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 е утврдена на 79,50 денари за литар. Цената на пооктанскиот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 81,50 денари за литар. Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) ќе се продава за 82,50 денари за литар, додека цената на Мазутот М-1 НС е утврдена на 42,586 денари за килограм. Во соопштението се…

Повеќе

Сите македонски државјани кои се наоѓаат во кризните региони на Блискиот Исток и сакаат да си заминат, ќе бидат вратени во земјава до крајот на оваа недела, при што трошоците за евакуација целосно ги покрива државата. Ова го истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. „Причината е тоа што државниот систем е создаден за во вакви кризни ситуации да им излезе во пресрет на граѓаните“, нагласи Муцунски, упатувајќи повик до сите заинтересирани да стапат во контакт со Министерството. При качувањето на летовите, строг приоритет им се дава на жените, децата, како и на лицата кои таму се…

Повеќе

Министерството за внатрешни работи спроведе засилени контроли на патиштата низ целата држава во текот на вчерашниот ден, при што од слобода се лишени 11 лица поради тешки прекршувања на сообраќајните правила и безобѕирно управување со моторни возила. Загрижувачки е податокот дека дури осуммина од уапсените возачи воопшто не поседувале возачка дозвола, односно немале положено возачки испит. Двајца од приведените управувале возила и покрај тоа што имале активна забрана за возење, додека еден возач завршил во полициска станица поради возење во пијана состојба. Географски гледано, најголем број од прекршителите се регистрирани на подрачјето на СВР Охрид, каде се уапсени вкупно пет…

Повеќе

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија интензивно работи на извлекување на македонските државјани од кризните региони на Блискиот Исток. Сепак, процесот се соочува и со логистички предизвици, откако 14 лица кои претходно барале евакуација не се појавиле на вчерашниот организиран лет од Дубаи. Оваа информација ја потврди ресорниот министер Тимчо Муцунски, кој појасни дека овие граѓани барале извлекување до самиот крај, но не дошле на аеродромот. „Контактиравме веднаш преку нашето дипломатско претставништво други граѓани, кои ги вративме, а беа на листата за чекање“, истакна Муцунски, додавајќи дека за Дубаи се планирани уште два лета во текот на оваа недела.…

Повеќе