Close Menu
Press24
    Најново

    Ограбена канцеларијата на директорот на ЈКП Сарај – украдени пари од прометот

    05.08.2026 во 20:06

    Утре пекол во Скопје: Температури до 39 степени

    05.08.2026 во 19:56

    Полска прогласи највисоко ниво на предупредување за опасна горештина во Варшава

    05.08.2026 во 19:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ограбена канцеларијата на директорот на ЈКП Сарај – украдени пари од прометот
    • Утре пекол во Скопје: Температури до 39 степени
    • Полска прогласи највисоко ниво на предупредување за опасна горештина во Варшава
    • Чаир доби 20 нови клупи за граѓаните
    • СДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство – а Мицкоски и Клековски на екскурзија
    • До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница
    • СДСМ: Мицкоски ја задолжува државата секоја недела – додека граѓаните плаќаат сѐ поскапо
    • Уапсен возачот кој возеше во спротивна насока на автопатот Скопје–Велес
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: 14 граѓани не се појавија на летот за евакуација од Дубаи, акцијата продолжува до крајот на неделата

    Муцунски: 14 граѓани не се појавија на летот за евакуација од Дубаи, акцијата продолжува до крајот на неделата

    09.03.2026 во 12:192 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за надворешни работи и надворешна трговија интензивно работи на извлекување на македонските државјани од кризните региони на Блискиот Исток. Сепак, процесот се соочува и со логистички предизвици, откако 14 лица кои претходно барале евакуација не се појавиле на вчерашниот организиран лет од Дубаи.

    Оваа информација ја потврди ресорниот министер Тимчо Муцунски, кој појасни дека овие граѓани барале извлекување до самиот крај, но не дошле на аеродромот.

    „Контактиравме веднаш преку нашето дипломатско претставништво други граѓани, кои ги вративме, а беа на листата за чекање“, истакна Муцунски, додавајќи дека за Дубаи се планирани уште два лета во текот на оваа недела.

    Освен од Обединетите Арапски Емирати, голем број македонски државјани чекаат евакуација и од другите земји во регионот. Според податоците на МНР, во Доха се регистрирани 162 лица (од кои 89 сакаат да си заминат), во Кувајт се пријавени 36, во Бахреин 15, а во Саудиска Арабија пет лица.

    Планот на Министерството за овие државјани е да се организира локален транспорт до Ријад во Саудиска Арабија, кој ќе служи како централна точка за собирање. Оттаму, во текот на неделата ќе биде организиран директен лет за Скопје.

    „Динамиката е јасна – до крајот на неделата да има извлекување на сите граѓани кои побарале помош“, заклучи министерот Муцунски.

    Прочитај повеќе

    Ограбена канцеларијата на директорот на ЈКП Сарај – украдени пари од прометот

    05.08.2026 во 20:06

    Утре пекол во Скопје: Температури до 39 степени

    05.08.2026 во 19:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.