Close Menu
Press24
    Најново

    Пороен дожд и грмежи во Кичевско и Македонски Брод, еве на каде се движат облаците

    10.06.2026 во 13:29

    Утре ќе нема струја до 16 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку скопски населби

    10.06.2026 во 13:21

    Собранието ја констатира оставката на Арбен Фетаи

    10.06.2026 во 13:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пороен дожд и грмежи во Кичевско и Македонски Брод, еве на каде се движат облаците
    • Утре ќе нема струја до 16 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку скопски населби
    • Собранието ја констатира оставката на Арбен Фетаи
    • Општина Кисела Вода организира бесплатен летен камп за ученици – аплицирањето е до 13 јуни
    • Јаневска најави пресврт: Од оваа година се воведуваат дигитални свидетелства, еве за кои одделенија ќе важат
    • Се огласи Груевски: Маленко измислува приказни по поткасти, никогаш во животот не сум го видел тој човек
    • АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина
    • Почна невремето во Македонија – грмежи и пороен дожд во овие региони
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вознесение Христово – Спасовден: Се празнува 40 дена по Велигден

    Вознесение Христово – Спасовден: Се празнува 40 дена по Велигден

    21.05.2026 во 10:043 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вознесение Христово, Ден на Спасителот или Спасовден — христијански подвижен празник кој се слави 40 дена по Велигден.

    Според христијанското учење, токму на четириесеттиот ден по воскресението, Исус Христос за последен пат им се јавил на своите ученици во Витанија, каде што им ја пренел пораката да останат во Ерусалим и да го чекаат слегувањето на Светиот Дух. Потоа, пред нивните очи, се вознел на небото.

    Црквата го востановила празникот Вознесение Христово во спомен на овој настан, а народот го нарекол Спасовден ден посветен на Спасителот на светот. Иако празникот постоел уште во апостолските времиња, дури кон крајот на IV век почнал да се празнува одделно од Педесетница.

    Во Новиот завет од Светото писмо поточно во светото Евангелие според Марко опишано е и вознесението Христово: „А по разговорот со нив, Господ се вознесе на небо и седна од десната страна на Бога. Тие, пак, отидоа и проповедаа насекаде; и Господ го окрепуваше словото нивно со чудеса, што се јавуваа. Амин!“ Така Исус се вознесол на небото, а неговите ученици се вратиле во Ерусалим каде што го прославувале и благословувале по храмовите.

    Со празникот Спасовден се поврзани голем број обичаи и верувања од кои поголемиот број имаат претхристијанско потекло. Во таа смисла истражувачите на празничните обичаи и верувања истакнуваат дека времето кога се празнува Спасовден отприлика се совпаѓа со времето кога во претхристијанскиот период се празнувал празникот на божеството Спас, кое меѓу многуте божества ја имало улогата на заштитник и спасител на луѓето. Се верувало дека врховниот бог Перун од небото испраќал молњи и громови како и градоносни облаци, а божеството Спас со житен клас во раката ги спасувало посевите.

    Во таа смисла е и песната „Свети Спас го обиколува полето” во која се опева токму ваквата улога на светецот што ја наследил од старото паганско божество.

    Свети Спасе зелен класе! Свети Спасе коња кове, коња кове за полето, да си иде ју полето, да си види берикето, арен ли е, добар ли е, или си е како што е? Море мале, стара мале, есеното са класуе, пролетното са никнуе. Љутен ојде смешен дојде, свети Спасе зелен класе!

    На овој ден луѓето ги посетуваат црквите што го носат името „Свети Спас” и носат разни подароци. Некои за здравје преспиваат под иконата, а други кога ќе се разболат се ветуваат (се таксуваат) дека еден период ќе служат во црквата. Во радовишкото село Ињево, како што е забележано во некои записи, на овој ден се правел голем собор. За курбан се колел бик кој се готвел на сретселото и се послужувале сите присутни. Во Гевгелиско пак, се верувало дека Свети Спас е тежок празник и аталија, дека тој може да спаси, но и да казни. Луѓето што одгледувале свилена буба на овој ден береле шума и кога ќе дојдело времето на свилената буба да и се дава шума најпрвин ја давале шумата набрана на овој ден.

    Меѓу верувањата поврзани со овој ден се и оние запишани од М. Цепенков. Имено тој на едно место запишал дека „нефелало да се работи навечер од Велигден до Спасовден, за да биди добар бериќетот и да не биди скапија”, а на друго место во врска со баењата запишал дека водата од Кривата Воденица што се наоѓала на патот кон Магарево, најлековита била од Величетврток до Спасовден. „Од ден Величетврток ќе заватат да одат кај Кривата Воденица битолчани и од селата да се мијат од водата и да се вртат на колцето, до ден Спасоен”.

    Прочитај повеќе

    Пороен дожд и грмежи во Кичевско и Македонски Брод, еве на каде се движат облаците

    10.06.2026 во 13:29

    Утре ќе нема струја до 16 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку скопски населби

    10.06.2026 во 13:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.