Close Menu
Press24
    Најново

    АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина

    10.06.2026 во 12:38

    Почна невремето во Македонија – грмежи и пороен дожд во овие региони

    10.06.2026 во 12:32

    МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, рализирани 92% од вкупните средства

    10.06.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина
    • Почна невремето во Македонија – грмежи и пороен дожд во овие региони
    • МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, рализирани 92% од вкупните средства
    • Метео аларм: Доаѓа силно невреме со пороен дожд и град, од петок драстичен пад на температурите
    • Мицкоски: По 14 пропаднати тендери, државата сама ќе ги гради „Чебрен“ и „Галиште“ со 1,5 милијарди евра
    • Хорор во Тетово: Мајка среде улица крвнички си го тепала 3-годишното дете, па го оставила и си заминала
    • Лефков: Филипче е специјален бугарски пратеник, подготвен е веднаш да прифати уставни измени под диктат
    • Пеколни температури рано наутро во Македонија – еве во кои градови веќе не се диши
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина

    АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина

    10.06.2026 во 12:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Изминаа две недели откако, асоцијациите на приредувачите на игри на среќа во автомат клубови, казина и спортски обложувалници, АПИС и АСОМ доставивме официјално барање до Собранието за организирање јавна расправа во врска со Предлог законот за игри на среќа.

    Согласно член 129 став 2 од деловникот, барањето го упативме до претседателот на Собранието, претседателката, членовите на Комисијата за финансирање и буџет и до координаторите на сите пратенички групи. Убедени сме дека ваквата демократска алатка ќе овозможи претставници на
    асоцијациите и вработените во легалните објекти да ја споделат сопствената експертиза и професионално искуство со пратениците. За жал, не само што не добивме ниту позитивен ниту негативен одговор, туку денес на дневен ред на пленарната седница е ставен Предлог законот за игри на среќа во прво читање. Се засилува нашиот впечаток дека за некого брзината е поважна од суштината.


    Ја користам оваа прилика да го потенцирам следното. Зборуваме за закон кој се однесува на економски сектор со повеќе од 10 илјади вработени што вкупно гледано е најголемиот приватен работодавец. Зборуваме за регулатива од која зависат повеќе од 350 милиони евра буџетски приливи на годишно ниво. Закон со толку сериозни последици, особено што содржи уставно спорни одредби и решенија е недозволиво да се носи набрзина. Вака подготвен закон на среден рок ќе направи хаос во општеството кој тешко ќе може да се спречи. Затоа, сметаме дека е неопходно во законодавниот дом да ги соочиме аргументите и најважно од се’ јавноста да добие
    точна претстава за тоа какви штета ќе предизвика усвојувањето на овој Предлог закон.


    Долг период игрите на среќа се цел на негативна кампања во која се нафрлаат разни клевети. Легалните објекти не се закана за младината. Закана за младината е популизмот кој затворајќи го овој економски сектор ќе ги направи младите лесен таргет на незаконски играчници кои ќе се одвиваат по подруми, а државата ќе нема никаква контрола.

    Голем дел од нашите членки имаат капитал од ЕУ, станува збор за општествено одговорни компании кои донираат во јавното здравство, спортот, културата, покровители се на многу хуманитарни акции и до сега низ различни примери покажале дека се искрен и стабилен партнер на заедницата. Доколку не бидеме ислушани и нашата експертиза и знаење не биде уважено со цел изработка на одржливо законско решение во согласност со највисоките европски и светски стандарди за организирање игри на среќа, ќе бидеме принудени да ги користиме сите
    демократски средства и правни механизми да ја истераме правдата до крај.

    Прочитај повеќе

    Почна невремето во Македонија – грмежи и пороен дожд во овие региони

    10.06.2026 во 12:32

    Метео аларм: Доаѓа силно невреме со пороен дожд и град, од петок драстичен пад на температурите

    10.06.2026 во 12:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.