Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се огласи Груевски: Маленко измислува приказни по поткасти, никогаш во животот не сум го видел тој човек

    Се огласи Груевски: Маленко измислува приказни по поткасти, никогаш во животот не сум го видел тој човек

    10.06.2026 во 12:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вистинска бура на социјалните мрежи по интервјуто на Александар Маленко. На неговите тврдења за тоа каде и како поранешниот премиер Никола Груевски ги поминал деновите пред експресното заминување од државата, со остар статус од Будимпешта возврати самиот Груевски.

    „Никогаш во животот не сум се сретнал и не сум разговарал со Александар Маленко, ниту пак тој бил некаква сериозна тема за било што.

    Лага е дека последните неколку дена пред моето заминување од Македонија со моите деца и поранешна сопруга сум престојувал во хотелот кој тој го именувал во Охрид, а за кој говорел во еден од поткастите во Македонија, што лесно може да се утврди со нивното присуство во училиштето, односно работното место во тоа време, и големиот број средби кои ги имав во тие денови во Скопје.

    Во истиот хотел сме престојувале истата година околу седум месеци порано, за време на Велигденските празници, од каде јас прв заминав неколку часа порано пред другите заради обврски.

    Таму дознав дека хотелот е во сопственост на таткото на неговата сопруга во тоа време, откако ми пренесоа дека Маленко ме барал за време на појадокот кој тогаш јас го бев прескокнал.

    Иако целата измислена приказна на овој човек кој тврди дека бил активист во т.н. шарена револуција е не логична по многу основи, и иако со ретки исклучоци не практикувам да ги демантирам речиси секојдневните напади и лаги кон мене од разни страни, сепак со оглед дека недолжно и неправедно се спомнати членовите на моето поранешно обезбедување, кои немаат никаква врска со моето заминување од Македонија, се одлучив за оваа реакција“, напиша Груевски.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.