Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја-членка на ЕУ да станува прибежиште од македонското правосудство

    29.10.2026 во 13:11

    Филипче до Мицкоски: Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија

    29.10.2026 во 13:03

    Мицкоски: По шест месеци од најавените скандали за унгарскиот кредит, нема ни „к“ од криминал – ДЗР потврди дека парите се за македонската економија

    29.10.2026 во 13:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја-членка на ЕУ да станува прибежиште од македонското правосудство
    • Филипче до Мицкоски: Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија
    • Мицкоски: По шест месеци од најавените скандали за унгарскиот кредит, нема ни „к“ од криминал – ДЗР потврди дека парите се за македонската економија
    • Мицкоски до Филипче: Ние го враќаме тоа што вие го распродадовте
    • Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани
    • Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија
    • Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција
    • Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска најави пресврт: Од оваа година се воведуваат дигитални свидетелства, еве за кои одделенија ќе важат

    Јаневска најави пресврт: Од оваа година се воведуваат дигитални свидетелства, еве за кои одделенија ќе важат

    10.06.2026 во 12:541 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Учениците од прво до трето одделение од оваа година ќе добијат дигитални свидетелства, додека од следната година овој процес ќе се прошири и за учениците од четврто до шесто одделение, најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

    Министерството веќе ги обезбеди потребните електронски печати и потписи, но со цел да се избегнат технички проблеми во помалите или руралните средини, годинава ќе се применува комбиниран модел.

    „За овие три одделенија воведовме систем што може да се нарече хибриден. Од следната година свидетелствата ќе бидат целосно дигитални. Дигитализацијата е од исклучително значење за државата и затоа се спроведува во МОН во најголема можна мера“, изјави Јаневска.

    Министерката појасни дека хибридниот модел се применува бидејќи сè уште не се сите наставници подеднакво подготвени за комплетна дигитална средина, иако поминале низ интензивни обуки.

    Јаневска воедно им го честиташе успешниот крај на учебната година на сите ученици и наставници, потенцирајќи дека според сите релевантни показатели, оваа учебна година покажала многу подобри резултати од претходната.

    Прочитај повеќе

    Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја-членка на ЕУ да станува прибежиште од македонското правосудство

    29.10.2026 во 13:11

    Филипче до Мицкоски: Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија

    29.10.2026 во 13:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.