Close Menu
Press24
    Најново

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51

    Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“

    30.10.2026 во 23:29

    Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино

    30.10.2026 во 23:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
    • Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
    • САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
    • Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
    • УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Работнички марш во Скопје: Синдикатот го отфрла покачувањето од 1.667 денари и бара достоинствени плати

    Работнички марш во Скопје: Синдикатот го отфрла покачувањето од 1.667 денари и бара достоинствени плати

    14.03.2026 во 10:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска точно во 12:05 часот ќе одржи голем работнички протест во Скопје. Главните барања на Синдикатот се јасни и децидни – зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно покачување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари.

    Протестниот марш ќе започне пред Работничкиот дом (зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“), по што работниците ќе се упатат кон клучните институции. Рутата ќе се движи низ центарот на градот, со предвидени застанувања пред Собранието, Стопанската комора и пред Владата на булеварот „Илинден“. Токму на овие локации, претставниците на ССМ ќе ги испорачаат своите пораки до надлежните и до работодавачите.

    Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, претходно појасни дека одлуката за излегување на улица е резултат на континуираното игнорирање на нивните барања. Синдикатот категорично го отфрла предвиденото законско усогласување на минималната плата од само 1.667 денари, посочувајќи дека таа сума не е доволна ниту да ја покрие зголемената вредност на синдикалната потрошувачка кошничка.

    Како дополнителен аргумент за неопходноста од повисоки примања, од ССМ посочуваат на алармантните податоци од Управата за јавни приходи (УЈП), според кои дури една третина од вработените во државата земаат плата пониска од 30.000 денари. За да се обезбеди масовност на протестот, која Синдикатот ја смета за клучна,организиран е бесплатен превоз за работниците од другите градови низ државата.

    Прочитај повеќе

    Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски

    30.10.2026 во 22:37

    УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија

    30.10.2026 во 22:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.