- Иднината пристигна: Кина го пушти во работа првиот подводен дата-центар со вештачка интелигенција
- Хороскопски знаци кои глумат дека ништо не ги повредува
- Николоски: Во 2031 година ќе имаме брза пруга од граница со Србија до граница со Грција
- Дипломатска офанзива: Иран го разгледува новиот американски предлог по посетата на пакистанскиот посредник
- Филипче: Стравот што го продава власта е лажен – ЕУ не го загрозува македонскиот идентитет
- Али Ахмети се сретна со Рокас
- Филипче оствари средба со хрватскиот главен преговарач на Хрватска за ЕУ
- Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
Author: Author 01
Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за МИА информираат дека досега повеќе од 150 граѓани се обратиле до амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за информации и можности за евакуација. Со сите нив се одржува постојан контакт, а доколку се пријават за евакуација, Министерството ќе преземе подготвителни активности за нивно безбедно враќање. – Министерството преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва и понатаму е целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани во регионот да…
Состојбата е стабилна и безбедна според податоците од агенциите за разузнавање и национална безбедност, како и од министерствата за надворешни работи, внатрешни работи и одбрана, во координација со Генералштабот на Армијата, изјави претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, по завршувањето на седницата на Советот за безбедност во Вила Водно, свикана поради влошената состојба на Блискиот Исток. – Во моментов нема нестабилност ниту закани по безбедноста во земјата или во регионот. Постојниот систем за рано предупредување обезбедува координација меѓу сите надлежни органи и е многу важен за следење на воените состојби. Институциите ги следат, анализираат и координираат состојбите, и затоа оценката за…
На 28.02.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, 25-годишна жена пријавила дека на 25.02.2026, на подрачјето на Скопје, била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг М.В. (26). Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
На 28.02.2026 во 23:00 часот, на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.И. (49) од Скопје. Претходно било пријавено дека со тврд предмет ја оштетил влезната врата и искршил повеќе стакла на зградата на Општина Шуто Оризари. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 28.02.2026 во 18:30 часот, на граничниот премин Табановце, при обид за излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Д. (75) од Република Албанија, откако при гранична контрола приложил туѓа лична карта на увид. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
„Во моментов не сме соочени со нестабилност и нема закана по безбедноста ниту во земјата ниту во регионот. Постојат механизми за рано предупредување, институциите внимателно ја следат состојбата и меѓусебно се координираат, врз основа на што ја даваме оваа оценка за стабилност и сигурност“, изјави Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност, на која се разговараше за безбедносната состојба во земјата по најновите случувања на Блискиот Исток. Таа посочи дека институциите и натаму ќе продолжат внимателно да ја следат состојбата. „Во постојана координација сме и со надлежните органи во регионот и ќе разменуваме информации“, најави претседателката Сиљановска-Давкова. Со седницата…
Денес во земјава ќе преовладува претежно облачно време. Во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од -4 до 2 степени, додека максималните ќе достигнат меѓу 12 и 17 степени. Во Скопје се очекува претежно облачно и тивко време. Во делови од котлината можна е појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0 степени, а максималната ќе достигне до 16 степени. Под влијание на поле со висок воздушен притисок, во наредните денови ќе следува стабилно и суво време. Исклучок ќе биде…
Припадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при министерството за внатрешни работи го освои првото место во дисциплината велеслалом на меѓународниот полициски натпревар во скијање на Сљеме, Република Хрватска, на 25.02.2026 година, за што Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста. На натпреварот учествуваа полициски службеници од повеќе држави и меѓународни институции, меѓу кои Словенија, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Хрватска и ФРОНТЕКС, што придонесе за исклучително силна конкуренција и висок натпреварувачки квалитет. Остварениот резултат претставува потврда за високото ниво на подготвеност, професионалност и посветеност на припадниците на Министерството за внатрешни работи, како и достојна афирмација на државата на меѓународен план. Министерството…
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ќе ја посети Северна Македонија во официјална посета во вторник (3 март) Домаќин на Руте ќе биде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а предвидени се и средби со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието Африм Гаши. Генералниот секретар ќе присуствува и на показна вежба на Армијата. Ова ќе биде прва посета на Руте како генерален секретар на НАТО на Скопје; претходно, во ноември 2021 година, тој беше во земјава како премиер на Холандија. Во 2023 година, Македонија ја посети тогашниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Повисокото јавно обвинителство го врши надзорот над законитото постапување на јавните обвинители, а Советот на јавни обвинители во оваа фаза нема надлежност за тоа, соопшти Советот на јавните обвинители на РСМ. Ова следува по јавната прозивка од министерот за правда Игор Филков, кој побара итна седница за разгледување на постапувањето на јавните обвинители во случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби. Советот на ЈО наведува дека, согласно член 28 од Законот за јавното обвинителство, надзорот го врши повисокото јавно обвинителство. Во соопштението се истакнува дека Советот во оваа фаза нема надлежност да врши надзор над законитото постапување на обвинителите. Министерот за…
