- Дали сте во врска со зрел маж или со мамин син?
- Раси на кучиња што жените ги обожаваат: Тие се поврзуваат со своите сопственици посилно од кој било друг
- Нова климатска закана: „Ел Нињо“ носи екстремни жештини ширум планетата
- БиХ ја зголеми старосната граница за служба во армијата на 49 години
- Иран: Околу 30 бродови поминаа низ Ормускиот теснец во текот на ноќта
- Црн биланс во Либан: 22 загинати во масовните израелски воздушни напади
- Рубио од Пекинг: Политиката на САД кон Тајван е непроменета
- Детали за денешното убиство: Ја избодел со нож 10 пати додека спиела
Author: Author 01
Во Скопје денеска ќе се одржи панел-дискусија на тема: „Од инциденти до системски ризици: Надворешните влијанија како тест за медиумската отпорност“, на која ќе биде презентиран документот за јавни политики „Медиумскиот екосистем и странското мешање и манипулирање со информации (СММИ)“. Според соопштението на Институт за комуникациски студии, странското мешање и манипулирање со информации претставува сложен системски ризик за демократските општества, кој се појавува и се засилува преку медиумите. Овој феномен се остварува преку координирани активности на странски државни и недржавни актери, нивни посредници и усогласени канали, користејќи ја економската, институционалната и дигиталната ранливост на медиумите за влијание врз јавната дебата…
СДСМ денеска преку соопштение до јавноста велат дека власта се нема откажано од авионот и одбива да направи ребаланс на буџетот и парите да ги пренамени за плати. -Власта се нема откажано од авионот. Буџетот на СОЗР за оваа 2026 година беше зголемен за 124 милиони денари и тој е непроменет. Во Категорија 48 (Капитални расходи), под ставката за опрема, оваа сума соодветствува на годишна рата за купување авион со рок на отплата од повеќе години. Власта одбива да направи ребаланс на буџетот и парите да ги пренамени за плати. Тоа потврдува дека авионот не е избришан од Буџетот, велат…
Зоран Љутков, министер за култура и туризам, денеска ќе престојува во работна посета на Кичево, каде ќе оствари средби со претставници на локалната самоуправа и институциите од областа на културата. Во рамки на посетата, министерот Љутков заедно со градоначалникот Александар Јовановски ќе одржат прес-конференција во просториите на Општина Кичево, по повод изборот на градот за Град на културата 2026.
Демократската унија за интеграција преку соопштение до јавноста изразува крајно негодување од однесувањето на бројни политички партии, кои преку своите јавни настапи, според нив извршиледлабока политизација на случајот со Артан Груби, кој беше уапсен пред два дена на Граничниот премин Блаце. -Изминативе два дена сведочиме на тоа како политичките партии, нивни високи претставници и активисти, преку соопштенија и други јавни настапи, создаваат атмосфера на хистерија и линч преку однапред дефинирана пресуда. Тие целосно ја преземаат улогата на обвинители и судии, расфрлајќи се со мерки за претпазливост, јавно повикуваа на линч на претставниците на обвинителството и судот, без никакво елементарно почитување…
Во Тетово денеска започнува дводневниот настан Global Digital City 2026, посветен на развојот на BPO и ИКТ секторот, унапредување на дигиталните вештини, иновациите и зголемување на вработливоста кај младите. Како што информираат организаторите, настанот ќе ги собере институциите, претставници на индустријата, меѓународни компании, академската заедница и млади професионалци од регионот, со цел размена на искуства и поттикнување соработка. Во рамки на програмата се предвидени обраќања, панел-дискусии, обуки и презентации на компании, како и организирани средби за вмрежување и други активности. Посебен акцент ќе биде ставен на можностите за вработување и развој на практични вештини кај студентите и младите лица.
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи настан на тема „Унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост“, на кој ќе бидат презентирани резултатите од анализа за предизвиците со кои се соочуваат семејствата на лицата со попреченост, како и предлог-решенија поврзани со нивниот медицински третман. Според собраниската прес-служба, настанот го организира Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост, во соработка со „Зета – организација за попреченост и правда“, Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, „Порака“ – Неготино и „Еко – Живот“ – Кавадарци. Активноста е дел од проектот „Соочување…
На 23.02.2026 во 20:30 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Б.Ф.(33) од Скопје. Според МВР, скопјанецотагресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
АМСМ денеска информира за состојбата на патиштата низ Македонија. Според информациите, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани…
Амбасадорот на Европска Унија во земјава, Михалис Рокас, денеска ќе престојува во Прилеп, во рамки на иницијатива насочена кон подобро информирање на јавноста и приближување на европските политики и интегративниот процес до локалните заедници. Агендата предвидува средба со градоначалникот Дејан Проданоски, по што ќе се одржи состанок и со членовите на Општинскиот совет. Разговорите ќе се фокусираат на придобивките од членството во ЕУ и на конкретните ефекти од европската поддршка врз секојдневието на граѓаните во регионот. За време на посетата, амбасадорот ќе се сретне и со претставници на граѓанскиот сектор, како и со Младинскиот совет при Општина Прилеп.
Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. На претходното рочиште сведочеа неколку лица кои кобната вечер биле присутни во дискотеката. Тие зборуваа за паниката и хаосот што настанале кога огнот и густиот чад ја зафатиле преполната сала, како и за траумите и последиците со кои се соочуваат и денес. За денеска е најавено сослушување на уште петмина сведоци. Во воведното излагање на почетокот од процесот, обвинителот Борче Јанев нагласи дека…
