- Милошоски: Приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално и паушално во случајот Мазут
- Манасиевски: Македонија не смее да потклекне поради криминалот на Филипче и Заев
- Филипче: Поради Мицкоски изгубивме 200 милиони евра од ЕУ
- СДСМ: Падна лажниот патриотизам на ВМРО
- Крвава ноќ со дронови: Жртви во Русија и Украина, погоден град на 1.000 километри од границата
- Утре во Шведска Муцунски на билатерална средба со бугарската колешка
- Вознесение Христово – Спасовден: Се празнува 40 дена по Велигден
- Војната се сели подлабоко во Русија: Нападнат град на 700 километри од границата, гори рафинерија
Author: Author 01
Украина е подготвена да го сподели своето драгоцено искуство во соборувањето на иранските „камикази“ дронови со земјите од Блискиот Исток, но во замена бара финансиска и технолошка поддршка. Ова го обелодени украинскиот претседател Володимир Зеленски, појаснувајќи ја прецизно природата на мисиите кои Киев ги испраќа во странство. „Не станува збор за учество во операции. Ние не сме во војна со Иран. Станува збор за заштита и за наша темелна и целосна проценка за тоа како да се спротивставиме на иранските дронови“, изјави Зеленски, отфрлајќи ги шпекулациите за директно воено вмешување на Украина во блискоисточниот регион. Украинскиот претседател откри дека се формирани три специјализирани…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска преку прес-конференција на пратеникот Бране Петрушевски реагираше на вчерашниот работнички марш во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), обвинувајќи дека протестот бил партизиран и логистички поддржан од опозицијата. Во своето обраќање, Петрушевски директно го оспори синдикалниот карактер на собирот: „На вчерашниот долгонајавуван протест демек на Сојузот на синдикати на Македонија, на дело се докажа она за кое ние ви укажувавме. Од вчера, сите се на чисто дека ССМ и СДС делуваат заеднички и дека и едните и другите се немоќни и само си се надополнуваат.“ Тој пред јавноста презентираше и фотографии за кои тврдеше дека…
Изминатото деноноќие помина во знакот на тешки прекршувања на сообраќајните правила низ целата држава. Полициските службеници лишија од слобода дури 13 возачи поради безобѕирно управување со моторни возила, при што се одземени шест автомобили, а епилогот вклучува и неколку сообраќајни несреќи. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, структурата на прекршителите е шаренолика, но подеднакво опасна. Четворица возачи од Скопје, Свети Николе, Радовиш и Богданци биле фатени како возат под дејство на алкохол. Дури шестмина (од Скопје, Македонски Брод, Гостивар и Струга) воопшто не поседувале возачка дозвола, додека двајца кичевчани дрско возеле и покрај тоа што имале активна забрана за…
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Владата стартуваат со нова теренска кампања насловена „Гласот кој го слушаме – македонско најдобро“. Министерот Цветан Трипуновски денеска информираше дека целта на оваа иницијатива е директна комуникација со земјоделците, презентација на мерките, но пред сè – слушање на нивните реални проблеми. Во кампањата се вклучува целиот институционален врв од земјоделскиот сектор. На терен ќе излезат Даниела Иротова од Платежната агенција, Филип Филиповски од АД Водостопанство, Васе Анакиев од Државниот инспекторат за земјоделство, Оливер Миланов од Агенцијата за храна и ветеринарство и Здравко Трајанов од ЈП Национални шуми. Министерот Трипуновски лично ќе предводи…
Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) преку писмено соопштение упати остри критики до Владата поради неактивноста во врска со ценовниот шок предизвикан од поскапувањето на нафтените деривати. Партијата предупредува дека граѓаните веќе ги чувствуваат последиците во маркетите. „Помина цела недела, Владата не презема никакви мерки за намалување на цените на горивата. Со покачувањето на цените на горивата сите цени ќе пораснат. Во маркетите веќе се чувствува притисокот, цената на маслото за јадење надмина 100 денари. Дали намерно вака прави Владата на Мицкоски за да профитира од високите даноци врз грбот на граѓаните или од неспособност?“, прашуваат од СДСМ. Опозицијата потсетува…
Поранешниот градоначалник на Центар од СДСМ, Саша Богдановиќ се враќа во политиката со партија, која има предзнак на етничка партија на Србите во Македонија. Во интервју за Прес 24, вели дека сите подготовки за партијата се завршени и задесетина дена ќе следува и официјална промоција. Со неговата матична партија СДСМ вели дека расчистил уште пред неколку години, кога не се најде на листата за повторен избор за градоначалник. -Година дена пред избор за кандидати за градоначалници за локалните избори 2021 година остварив разговор со највисокото раководство околу избор на кандидат за градоначалник за општина Центар, и дека скршнувањето од некои…
20-годишна девојка паднала од балкон во Тетово синоќ. Преведена е во болницата во Скопје со тешки повреди. Полицијата истражува околностите.
Управата за јавни приходи организира средба за координирана акција против неформалната економија. Партнерски пристап на државни институции и бизнис заедницата.
Водечките берзански индекси забележаа пад на 13 март. Dow Jones, S&P 500 и Nasdaq се намалија поради геополитички тензии и неизвесност на пазарот.
Сите државни патишта се проодни. ЈП Македонијапат апелира на внимателност, почитување на сигнализација и прилагодување на брзина.
