- Бојковска: Стратешкиот дијалог со САД е успех на нашата определба и посветеност во партнерство со САД
- Венс признава: „Мислевме дека ќе биде лесно, но Украина е нашиот најтежок предизвик“
- Бочварски: Власта ветуваше 250 милиони евра годишно од унгарскиот кредит за општинските проекти, се реализираат само 16%
- Тркалезна маса на тема: Подготвеноста на институциите за одговор на СММИ
- Татко и двајца синови со боксирачи и гасен пиштол претепале вработени на гробиштата во Бутел: Обвинителството бара притвор
- Хоџа: Градиме модерен систем за менаџирање со водите по европски стандарди
- Спасовски: ВМРО ја партизира и Регулаторната за енергетика, како сопственик на хидроцентрили ќе биде независен директор
- Сиљановска-Давкова на средба со ромски уметници: Потребна е видливост и рамноправност на уметниците Роми
Author: Author 01
Во текот на изминатото деноноќие, противпожарните единици интервенирале на три локации низ државата поради пожари во кои, за среќа, нема повредени лица, но е предизвикана материјална штета.
Планинарот Ќазим Фетаховиќ од црногорскиот град Рожај доживеал несреќа за време на искачувањето на планината Хајла. Настанот, кој неофицијално е потврден и од Полициската управа, се случил во саботата (21 февруари) во доцните попладневни часови, околу 17:10 часот. Според првичните информации од теренот, Фетаховиќ се излизгал и паднал по стрмната падина додека се движел по планинската патека кон врвот. Упатените извори наведуваат дека несреќата се случила на само четириесет метри од самиот врв на планината, во зона која важи за исклучително опасна. Овој специфичен дел од Хајла се карактеризира со остри карпи, нагли промени во конфигурацијата на теренот и голема…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ експресно ги отфрли обвинувањата од опозициската СДСМ во врска со именувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул на Македонија во Србија. Од партијата посочуваат дека предлогот воопшто не потекнува од актуелната Влада, туку од дипломатски кадар поставен од претходната власт. Според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, иницијативата за Адамовиќ доаѓа директно од македонскиот амбасадор во Белград, кој на таа позиција бил именуван токму за време на мандатот на владата на СДСМ и ДУИ. Во однос на изнесените тврдења за минатото на Адамовиќ и неговите политички врски во Србија, од владејачката партија децидно тврдат дека „споменатата личност ги исполнува сите законски…
Владата и премиерот Христијан Мицкоски мора да ѝ одговорат на јавноста како и зошто лице со криминално минато и антимакедонски ставови е избрано за почесен конзул на земјава во Србија. Ова денеска го порача портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обелоденувајќи низа скандалозни тврдења за Душан Адамовиќ, кому неодамна му беше предадена егзекватурата за почесен конзул со седиште во Панчево. Кузеска потенцираше дека станува збор за човек кој е близок со српскиот државен врв, но и кој во минатото јавно ја негирал македонската држава. „На платформата Икс може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам: ‘Српска Македонија’…
Полициски службеници од ОВР Кичево ноќеска (22.02.2026) извршиле контрола во казино лоцирано на улицата „Тане Цалески“, при што била пронајдена сомнителна прашкаста материја. Акцијата била спроведена во 02:40 часот по полноќ. При претресот, полицијата пронашла и одзела две најлонски паковки со остатоци од бела прашкаста материја. Поради сомнение за поврзаност со наркотиците, на лице место од слобода се лишени 23-годишниот Р.Ч. од село Црвевци и 21-годишниот Б.Р. од село Грешница. Дополнително, за извршување службен разговор во полициската станица биле повикани уште две лица – Ш.Ф. (29) и А.А. (29), двајцата од селото Гарани. Од полицијата информираат дека по целосното расчистување…
Возење под дејство на алкохол, управување возила без дозвола, екстремно брзо возење и напади врз службени лица се дел од прекршоците и кривичните дела кои полицијата ги санкционираше во текот на изминатата ноќ (21 кон 22 февруари). На ниво на цела држава, полициските службеници лишиле од слобода вкупно 18 лица. Специјална акциска контрола од 22:00 до 04:00 часот спроведе Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на подрачјето на Скопје и Куманово. При оваа акција се изречени 15 санкции, од кои осум за возење под дејство на алкохол, а седум за други прекршоци. Едно лице од овој регион е уапсено за…
Седумдесетгодишна жена од струшкото село Мислодежда го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне во Струга. Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена на 21.02.2026 година околу 16:30 часот. На улицата „Струшки Кепенци“, товарно возило марка „Ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот Н.О. од Струга, удрило во пешакот И.И. (70). По ударот, жената веднаш била пренесена во Медицинскиот центар во Струга за укажување на лекарска помош, но за жал, подоцна им подлегнала на повредите. Увидна екипа од ОВР Струга извршила увид на местото на настанот, а неколку часа подоцна, во 21:40 часот, полициските службеници…
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) категорично ја отфрла можноста за било каква алтернатива на европскиот пат на земјата, вклучително и приближување кон БРИКС или меѓународна изолација. Ова денеска го истакна портпаролката на партијата, Богданка Кузеска, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со неофицијалните најави за можен прием на нови земји-членки во ЕУ без право на глас. Кузеска потенцираше дека до денес не постои официјална одлука од клучните европски институции (Европската комисија, Европскиот совет или Европскиот парламент) која би предвидувала ваков модел на членство. „Доколку тоа стане официјална позиција на ЕУ, дури тогаш може да се разгледува. Ставот на СДСМ е јасен…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство (ЈО) да отвори истрага по јавните сведоштва за директно политичко влијание врз правосудниот систем за време на претходната власт. На денешната прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на партијата, обвини дека судството под водство на СДСМ и Зоран Заев функционирало исклучиво по принципот на послушност. „Во времето на Зоран Заев и СДС, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа. Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку…
Две угинати птици од видот мршојадец, кои се класифицирани како редок и строго заштитен вид во Македонија, биле пронајдени вчера претпладне во кавадаречкиот регион. Според официјалните информации од Секторот за внатрешни работи – Велес, случајот бил пријавен вчера во 11:25 часот во ОВР – Кавадарци од страна на претставник на Македонското еколошко друштво (МЕД). Птиците биле лоцирани во атарот на кавадаречкото село Гарниково. Веднаш по пријавата, на терен излегла увидна екипа од ОВР – Кавадарци. Со цел расчистување на случајот и утврдување на точните причини за угинувањето, спроведена е координирана акција во која се вклучиле и државен инспектор за животна…
