Author: Author 01

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) излезе со серија конкретни предлози насочени кон владите, компаниите и домаќинствата, со цел да се ублажи огромниот притисок врз цените на нафтата. Овој чекор, како што пренесува Ројтерс, доаѓа како директен одговор на енергетската криза и глобалните стравувања од инфлација предизвикани од војната меѓу САД и Израел со Иран. За да се намали побарувачката и да се заштитат потрошувачите, ИЕА предлага радикални промени во секојдневните навики, вклучувајќи масовна работа од дома, избегнување на авионски патувања кога постојат алтернативни опции за транспорт, како и намалување на максималната брзина на автопатите за најмалку 10 километри на час.…

Повеќе

Силно изразен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкото тло утринава во 10:05 часот. Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), потресот бил на релативно мала длабочина од 5 километри под површината на земјата, што придонело да се почувствува на пошироко регионално подрачје. Епицентарот на земјотресот бил лоциран на 11 километри североисточно од грчкиот град Парамита, односно 157 километри југозападно од Лариса. Силното тресење предизвикало вознемиреност кај граѓаните низ цела Грција. Жителите на Јанина и Парга преку социјалните мрежи и специјализираните апликации сведочат дека потресот бил силен. „Јанина, се тресеше добро“, „Траеше околу 8 секунди“,…

Повеќе

Полициски службеници од ОВР Берово вчера (19 март) извршија успешен претрес во помошна просторија во Берово, при што запленија оружје и муниција. Акцијата е спроведена врз основа на наредба од Основниот суд во Кочани. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, просторијата била во сопственост на 38-годишниот Д.П. од Скопје, кој имал живеалиште во Берово. При претресот, полицијата пронашла и одзела една ловечка пушка марка „ТОЗ 63“ калибар 16 милиметри, 53 ловечки патрони од истиот калибар, како и дополнителни пиротехнички средства, куршуми и реденик за патрони. Од МВР најавуваат дека по целосното расчистување и документирање на овој случај, против 38-годишникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава согласно член 396 од…

Повеќе

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги известува граѓаните, особено возачите во главниот град, дека оваа недела (22 март) ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на атлетска улична трка. Настанот ќе се одвива во претпладневните часови, во периодот од 07:30 до 11:30 часот, а стартно-целната позиција ќе биде лоцирана на булеварот „Јане Сандански“. За непречено и безбедно одвивање на трката, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе затвори и пренасочи дел од сообраќајниците. Натпреварувачите ќе се движат по следната траса: Во овој период, сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните алтернативни улици. Од МВР упатуваат силен апел до сите учесници во сообраќајот да имаат трпение и строго да…

Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе обвинителен акт против поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа, за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание. Како што открива истрагата, Стафа, кој сега работи како адвокат, во периодот од октомври до 13 декември минатата година примил вкупен износ од 50.000 евра од свој клиент. Намерата била тој да посредува и да го искористи своето реално влијание кај судија во Апелациониот суд Скопје, со цел преку давање поткуп да издејствува незаконско службено дејствие. Позадината на овој случај води до познатиот предмет „Синџир“. Имено, лицето за кое Стафа требало да издејствува укинување на мерката притвор е неговиот клиент…

Повеќе

Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) преку писмено соопштение ја реафирмираше својата определба за чесно и одговорно работење на сите државни органи, повикувајќи на строго почитување на владеењето на правото од страна на новата власт. Во соопштението, партијата се осврна на своето минато, тврдејќи дека во изминатите 10 години токму СПМ и нејзините најодговорни лица биле жртви на жесток притисок, политички прогон и кадровски погром од страна на претходната власт. Според нив, тоа искуство само ја зацврстило нивната верба во правдата. Осврнувајќи се на најновите случувања во државата, СПМ упати остра критика за начинот на кој се третираат осомничените во јавноста. „Социјалистичката партија на Македонија жестоко реагира од нападното…

Повеќе

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати срдечна честитка до поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху, до членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и до сите граѓани од исламска вероисповед по повод големиот празник Рамазан Бајрам. Во своето обраќање, претседателката истакна дека овој голем празник претставува многу повеќе од обична традиционална прослава или придржување до норми. „Рамазан Бајрам е израз на длабока вера, духовност, милосрдие, хармонија и љубов“, се вели во честитката на Сиљановска-Давкова, каде што се додава дека енергијата и топлината на светиот месец не се присутни само во исламските објекти и домови, туку се…

Повеќе

Европските берзански индекси денеска бележат раст, додека цените на нафтата од типот Брент забележаа благ пад, стабилизирајќи се на околу 107 долари за барел. Сепак, енергетскиот пазар останува под силен притисок поради тековниот конфликт на Блискиот Исток кој предизвика значителни прекини во снабдувањето. Според податоците на „Блумберг“, цената на Брент нафтата скокнала за повеќе од пет проценти само оваа недела, а неверојатни 50 проценти од почетокот на месецот. Делумно смирување на пазарите донесе изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој најави дека Израел ќе се воздржи од понатамошни напади врз иранската енергетска инфраструктура. Како што пренесува CNBC, Нетанјаху истакнал дека…

Повеќе

Очекуваниот животен век при раѓање во Европската Унија е во благ пораст и моментално изнесува 81,5 години,додека во Северна Македонија тој просек е понизок и изнесува 76,6 години. Најновите податоци на Еуростат и домашниот Државен завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека и покрај падот предизвикан од пандемијата на ковид-19, животниот век кај населението постепено закрепнува. Според податоците на Еуростат за 2024 година, просекот во ЕУ бележи зголемување од 0,1 година во однос на 2023 година, со што се надминати претпандемиските вредности од 2019 година (81,3 години). Во Македонија,според Статистичкиот годишник за 2025 година, очекуваниот животен век за периодот 2022-2024 година изнесува 76,63 години. Ова претставува раст од…

Повеќе

Верниците од исламска вероисповед во земјава и ширум светот денеска го прославуваат Рамазан Бајрам, еден од петте клучни столбови на исламот. Празникот на духовно и телесно прочистување доаѓа по завршувањето на едномесечниот строг пост, во кој верниците од зора до зајдисонце се воздржуваа од храна и пијалаци. Традиционално, денот започна со утринскиот Бајрам-намаз во сите џамии низ државата, по што следуваат посетите на гробиштата и средбите со семејството и пријателите. Важен дел од празникот е и обврската за давање садакатул-фитр – милостина за сиромашните, чија цел е да се изедначи радоста кај сите верници без разлика на нивниот социјален статус. По повод…

Повеќе