- Хороскопски знаци кои глумат дека ништо не ги повредува
- Николоски: Во 2031 година ќе имаме брза пруга од граница со Србија до граница со Грција
- Дипломатска офанзива: Иран го разгледува новиот американски предлог по посетата на пакистанскиот посредник
- Филипче: Стравот што го продава власта е лажен – ЕУ не го загрозува македонскиот идентитет
- Али Ахмети се сретна со Рокас
- Филипче оствари средба со хрватскиот главен преговарач на Хрватска за ЕУ
- Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
- Силна експлозија во близина на Волстрит
Author: Author 01
Министерката Гордана Димитриеска-Кочоска потврди дека платите, пензиите и социјалната помош се апсолутен приоритет. Државата враќа долгови од над две милијарди евра.
Полскиот премиер Доналд Туск денеска упати остри критики на сметка на својот унгарски колега Виктор Орбан, обвинувајќи го дека користи „процедурални и формални трикови“ за да ја блокира помошта на Европската Унија наменета за Украина. Враќајќи се од самитот на ЕУ во Брисел, Туск пред новинарите изјави дека зад потезите на Орбан се кријат домашни политички пресметки. „Не успеавме да го убедиме премиерот Орбан и тој сè уште е решен да ја блокира помошта за Украина… Помошта за Украина е пред сè шанса да се запре Русија и нејзината агресија“, изјави Туск. Тој предупреди дека опстанокот на Украина и самите…
Километарски колони возила на граничните премини кои водат кон соседна Грција. Граѓани на социјалните мрежи објавуваат дека огромна гужба има и на Граничниот премин Богодорида и на ГП Дојран.
Шеснаесетгодишно момче од кочанското село Тркање е лишено од слобода поради сериозни закани со огнено оружје упатени кон друг малолетник, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според официјалниот полициски извештај, инцидентот ги влече корените од 13 март, кога по претходна вербална расправија околу девојка, осомничениот 16-годишник извадил пиштол и му се заканувал на малолетник од соседното село Оризари. Откако случајот бил пријавен, полициски службеници од ОВР Кочани презеле мерки и вчера (19 март) во 15:45 часот го привеле осомничениот тинејџер. Поради неговата возраст, запазени се сите законски процедури за постапување со малолетници. Службениот разговор во полициската станица бил извршен во…
Полицијата спроведува превентивни активности против семејно насилство, несовесно возење и зависности кај младите низ целата държава.
Францускиот претседател Емануел Макрон потврди дека ескалацијата на Блискиот Исток нема да го промени фокусот на Франција во поддршката за Украина против руската агресија.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави синоќешната акција на МВР во која беше уапсен директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кадар именуван на оваа функција во јуни 2024 година. Одговарајќи на новинарско прашање запрашан за коментар околу ова апсење, членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, потенцираше дека законот мора да важи подеднакво за сите, без разлика на партиската припадност. „Ова е определбата на Владата за борбата против криминалот и корупцијата на дело. Секој кој се огрешил пред законот, без разлика дали од СДС од ВМРО-ДПМНЕ, или било која друга политичка партија, треба да одговара. Сите мора да бидат еднакви…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со тврдења дека комуникациската стратегија на опозициската СДСМ е целосно водена од странска ПР агенција и поранешни советници. На прес-конференција, членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, истакна дека зад завесите на „лажните соопштенија“ стојат експремиерот Зоран Заев и неговиот поранешен советник Зоран Башановиќ. „Зоран Башановиќ, екс советникот на Зоран Заев го води ПР тимот на СДС и Филипче. Пред само неколку месеци, по препорака на Зоран Заев, Венко Филипче оди во Ниш, Србија и остварува средба со Милјан Счекич, човек кој сега е задолжен за штанцање на лажните соопштенија и прес-конференции на СДС“, обвини Манасиевски.…
Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска излезе со сериозни обвинувања за наводна поврзаност на премиерот Христијан Мицкоски во бизнис мрежа во енергетскиот сектор. Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на партијата, на прес-конференција истакна дека се работи за „внимателно плетен систем во кој се поврзани политиката и бизнис интересите“. „Антикорупцискиот тим на СДСМ ја разоткри целата бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката. Овој енергетски ‘октопод’ на Мицкоски има длабоки и широки пипци“, обвини Фрчкоски пред медиумите. Презентирајќи ја шемата, тој директно посочи конкретни имиња и институции кои, според СДСМ, се дел од овој систем кој води до самиот врв на Владата. „Од Душан Адамовиќ, функционер на…
Снимката која пред неколку дена се прошири на социјалните мрежи, а на која се гледа како патничко моторно возило се движи по пешачка патека низ паркот „Жена Борец“ во строгиот центар на Скопје, доби полициска разрешница. Министерството за внатрешни работи информираше дека возачот е идентификуван и санкциониран. Станува збор за скопјанката Л.Т., која на 16 март во 14:39 часот, управувајќи автомобил марка „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, безобѕирно се движела низ паркот наменет исклучиво за пешаци. По објавувањето на видеото кое предизвика револт кај граѓаните, полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје вчера (19 март)…
