Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи
    • Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар
    • Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Софија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР на терен: Кампањи против насилство, несовесно возење и зависности

    МВР на терен: Кампањи против насилство, несовесно возење и зависности

    20.03.2026 во 13:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Полициски службеници од повеќе сектори за внатрешни работи изминативе два дена спроведоа низа превентивни и едукативни активности низ целата држава, опфаќајќи три клучни општествени проблеми: родово базираното насилство, безбедноста во сообраќајот и зависностите кај младите.

    Под мотото „Не биди нем сведок”, полицијата реализираше средби со граѓани со цел спречување на семејното насилство. Вакви активности беа спроведени во велешко (селата Извор, Владиловци и Јасеново во општина Чашка), како и во Скопје, Крива Паланка, Пробиштип и Берово. На граѓаните им беа објаснети постапките за пријавување насилство, како и достапноста на институционалните услуги за помош и привремен престој на жртвите. Апелот до јавноста е јасен – никој не смее да молчи доколку е сведок на насилство.

    Паралелно со ова, во Скопје и Велес се спроведоа сообраќајните кампањи „Не користи мобилен телефон” и „Стави појас”. Полициските службеници директно на терен ги едуцираа возачите и сопатниците за ризиците од користењето телефон зад воланот и за законската обврска за врзување појас, делејќи им печатен едукативен материјал за подигнување на сообраќајната култура.

    Полицијата не ги заборави ниту најмладите. Во соработка со Црвениот крст од Крива Паланка, службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток одржаа предавање во основното училиште „Јоаким Крчовски”, фокусирајќи се на превенција од зависности од дрога, алкохол и цигари кај учениците.

    Прочитај повеќе

    35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца

    19.09.2026 во 13:12

    Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот

    19.09.2026 во 12:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.