Close Menu
Press24
    Најново

    Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат

    13.05.2026 во 23:47

    Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате

    13.05.2026 во 23:24

    Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација

    13.05.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат
    • Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате
    • Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација
    • Филипче: Кој е сега предавник?
    • Додик: Путин ќе ја посети Република Српска
    • Јаневска: Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, ќе се изврши дератизација и дезинфекција
    • Политико: Трамп отиде во Кина за да побара помош за Иран
    • Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: „Разоткриена е бизнис мрежата на Мицкоски, октоподот има длабоки пипци“

    СДСМ: „Разоткриена е бизнис мрежата на Мицкоски, октоподот има длабоки пипци“

    20.03.2026 во 13:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска излезе со сериозни обвинувања за наводна поврзаност на премиерот Христијан Мицкоски во бизнис мрежа во енергетскиот сектор. Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на партијата, на прес-конференција истакна дека се работи за „внимателно плетен систем во кој се поврзани политиката и бизнис интересите“.

    „Антикорупцискиот тим на СДСМ ја разоткри целата бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката. Овој енергетски ‘октопод’ на Мицкоски има длабоки и широки пипци“, обвини Фрчкоски пред медиумите.

    Презентирајќи ја шемата, тој директно посочи конкретни имиња и институции кои, според СДСМ, се дел од овој систем кој води до самиот врв на Владата.

    „Од Душан Адамовиќ, функционер на СНС, навивач, човек со криминално минато и почесен конзул, преку офшор структури на Кипар води до ‘Rudnap Group’ на Војин Лазаревиќ, а се вмрежува директно со Владата преку министерката Сања Божиновска“, се наведува во презентираното соопштение.

    Фрчкоски објасни како оваа мрежа наводно ја презема контролата врз сите клучни сегменти – од финансии до производство и регулација на цената на струјата.

    „Мрежата се шири: Во Развојната банка, каде Мицкоски ја поставува Ефимија Димовска, сопруга на неговиот бизнис партнер во хидроцентралите. За секој бизнис потребна е банка. Во РЕК Битола, каде директор станува Иван Куковски, близок до семејството на Мицкоски и поранешен советник на Божиновска. Таму се контролира производството на струја. И конечно – во Регулаторната комисија за енергетика, со изборот на Ацо Ристов каде се носат одлуките за цените.“

    „Сите алки се на место: Од производство и увоз на струја, преку финансии, до регулација“, констатираат од СДСМ.

    На крајот од прес-конференцијата, беше упатен остар и директен повик до новиот Јавен обвинител.

    „Го потсетуваме новиот Јавен обвинител: Поминаа 3 месеци, време е за постапување, доста беше молк! Три месеци нема никаква реакција за сериозни скандали и индиции за криминал кои беа јавно објавени од АКТ. Очекуваме итно постапување и за бизнис шемите на Мицкоски во енергетиката. Да не чекаме уште три месеци, па повторно да дознаваме апсурди – дека на некого татко не му е татко.“

    Прочитај повеќе

    Филипче: Кој е сега предавник?

    13.05.2026 во 22:37

    Ристески: Со СДС студентските домови пропаднаа, ние целосно ќе ги обновиме

    13.05.2026 во 17:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.