Close Menu
Press24
    Најново

    Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник

    03.04.2026 во 19:30

    СДСМ: ВМРО-OKГ конечно ја призна вината за „Талир 1“ и „Талир 2“

    03.04.2026 во 19:22

    НАСА пред нов предизвик: Белата куќа бара заштеди среде најважната вселенска мисија на деценијата

    03.04.2026 во 19:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник
    • СДСМ: ВМРО-OKГ конечно ја призна вината за „Талир 1“ и „Талир 2“
    • НАСА пред нов предизвик: Белата куќа бара заштеди среде најважната вселенска мисија на деценијата
    • Земјотрес ја стресе Македонија
    • Какви се личностите родени во април?
    • Како спијат астронаутите во „Орион“: Висат како лилјаци на патот кон Месечината
    • Ескалација на Блискиот Исток: Иран со проектили и дронови ги нападна сопствените соседи
    • Ректорите на државните универзитети потпишаа Меморандум со агенцијата ИНОВА: Поддршка за истражувања и студентски стартапи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова го честиташе Рамазан Бајрам: Со сплотеност и почит да градиме здраво општество и просперитетна татковина

    Сиљановска-Давкова го честиташе Рамазан Бајрам: Со сплотеност и почит да градиме здраво општество и просперитетна татковина

    20.03.2026 во 11:001 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати срдечна честитка до поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху, до членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и до сите граѓани од исламска вероисповед по повод големиот празник Рамазан Бајрам.

    Во своето обраќање, претседателката истакна дека овој голем празник претставува многу повеќе од обична традиционална прослава или придржување до норми.

    „Рамазан Бајрам е израз на длабока вера, духовност, милосрдие, хармонија и љубов“, се вели во честитката на Сиљановска-Давкова, каде што се додава дека енергијата и топлината на светиот месец не се присутни само во исламските објекти и домови, туку се чувствуваат и во целата заедница.

    Таа посебно се осврна на актуелниот глобален контекст, испраќајќи силна порака за обединување на граѓаните.

    „Во време когa целото човештво се соочува со сериозни конфликти, војни, кризи, климатски промени и кога насушно ни се потребни мир и стабилност, само со сплотеност, почитување и меѓусебно уважување можеме да градиме здраво општество и просперитетна татковина“, потенцира претседателката.

    На крајот од честитката, Сиљановска-Давкова повика на негување на пријатната атмосфера во текот на целата година, преку благост, солидарност и емпатија, завршувајќи со традиционалниот поздрав: „Бајрам Шериф Мубарек Олсун. Благословен и честит нека е празникот Рамазан Бајрам“.

    Популарно

    Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник

    03.04.2026 во 19:30

    СДСМ: ВМРО-OKГ конечно ја призна вината за „Талир 1“ и „Талир 2“

    03.04.2026 во 19:22

    НАСА пред нов предизвик: Белата куќа бара заштеди среде најважната вселенска мисија на деценијата

    03.04.2026 во 19:04

    Земјотрес ја стресе Македонија

    03.04.2026 во 18:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.