Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам: „Да бидеме луѓе на мирот и правдата“

    Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам: „Да бидеме луѓе на мирот и правдата“

    20.03.2026 во 10:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Верниците од исламска вероисповед во земјава и ширум светот денеска го прославуваат Рамазан Бајрам, еден од петте клучни столбови на исламот. Празникот на духовно и телесно прочистување доаѓа по завршувањето на едномесечниот строг пост, во кој верниците од зора до зајдисонце се воздржуваа од храна и пијалаци.

    Традиционално, денот започна со утринскиот Бајрам-намаз во сите џамии низ државата, по што следуваат посетите на гробиштата и средбите со семејството и пријателите. Важен дел од празникот е и обврската за давање садакатул-фитр – милостина за сиромашните, чија цел е да се изедначи радоста кај сите верници без разлика на нивниот социјален статус.

    По повод големиот празник, поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Реисул Улема Шаќир Фетаи, упати честитка до верниците со желби за прифатени молитви, мир и хармонија. Во своето обраќање, тој стави силен акцент на духовните вредности и солидарноста.

    „Фитр Бајрам е ден на помирување и зближување. Тоа е ден кога треба да ги отвориме нашите срца, да си простиме еден на друг и да ги зацврстиме семејните и општествените врски. Посетите, честитките и насмевките што ги разменуваме денес се знак на убавите вредности што Исламот ги негува меѓу нас. Да го искористиме овој празник за да размислиме за самите себе и да продолжиме по патот на добрината што го започнавме во Рамазан. Да бидеме луѓе на мирот, правдата и солидарноста во нашите семејства, во нашето општество и каде и да живееме“, порача Фетаи.

    Тој потенцираше дека изминатиот месец бил тест за човечката издржливост и морал, испраќајќи порака против деструктивните појави во модерното општество.

    „Во овој голем духовен празник се радуваме што триумфиравме над деструктивноста, материјализмот, егоизмот и љубомората. Со тоа му испративме порака на светот дека моралните вредности се највисоката цел на човечката активност. Со чувството на глад и жед му упативме повик на светот за поголема грижа кон човекот. Мирот што го негуваме за време на Рамазан покажа дека човештвото треба да биде посветено на почитување на човечките вредности, избегнувајќи убиства, војни, масакри и геноциди“, истакна поглаварот на ИВЗ.

    На крајот, Фетаи повика на континуирана борба против општествените аномалии како алкохолизмот, наркоманијата и корупцијата, нагласувајќи дека на овој ден верниците гордо стојат пред Бога, надевајќи се на Неговата милост за искрените молитви и жртви направени за време на постот.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.