Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јавното обвинителство поднесе обвинение за Стафа кој со 50.00 евра требаше да го ,,извади” Ѓаволот од притвор

    Јавното обвинителство поднесе обвинение за Стафа кој со 50.00 евра требаше да го ,,извади” Ѓаволот од притвор

    20.03.2026 во 11:57Updated:20.03.2026 во 12:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе обвинителен акт против поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа, за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание.

    Како што открива истрагата, Стафа, кој сега работи како адвокат, во периодот од октомври до 13 декември минатата година примил вкупен износ од 50.000 евра од свој клиент. Намерата била тој да посредува и да го искористи своето реално влијание кај судија во Апелациониот суд Скопје, со цел преку давање поткуп да издејствува незаконско службено дејствие.

    Позадината на овој случај води до познатиот предмет „Синџир“. Имено, лицето за кое Стафа требало да издејствува укинување на мерката притвор е неговиот клиент Љупчо Пецов, во јавноста познат како Ѓаволот, кој е осомничен во овој предмет. Како негов бранител, Стафа претходно поднел барање мерката притвор да биде заменета со куќен притвор во отсуство на Пецов, нудејќи и соодветна гаранција.

    Поранешниот државен правобранител беше уапсен на 13 декември. При лишувањето од слобода, полицијата ги пронашла и одземала паричните средства наменети за поткупот.

    Од Обвинителството информираат дека до Основниот кривичен суд Скопје е доставен и предлог за продолжување на мерката за обезбедување присуство која претходно му била одредена на обвинетиот Стафа, бидејќи околностите за нејзино изрекување останале неизменети.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.