Close Menu
Press24
    Најново

    Драма во Германија: Напад со нож во училиште во Баварија, тешко повредени две ученички

    08.07.2026 во 16:47

    Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтот

    08.07.2026 во 16:30

    МЗ: Лекот „Фостер“, кој е на позитивната листа наскоро ќе биде достапен зa пациентите без доплата

    08.07.2026 во 16:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма во Германија: Напад со нож во училиште во Баварија, тешко повредени две ученички
    • Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтот
    • МЗ: Лекот „Фостер“, кој е на позитивната листа наскоро ќе биде достапен зa пациентите без доплата
    • ДУИ: Во сабота почнува граѓанска иницијатива во Тетово за заштита на Рамковниот договор
    • Потресни сведочења за трагедијата во „Пулс“: Татко на жртва праша дали полицијата била таму за бесплатни пијалаци
    • Зајкова избрана за потпретседателка во Собрането на ОБСЕ
    • Додека ММФ алармира за растот на цената на бакарот, македонските резерви во Иловица остануваат под земја
    • Поднесено обвинение за стечајот на Еуростандард банка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ за случајот со Груби: Судот и обвинителството да не потпаѓаат под политички притисоци

    ДУИ за случајот со Груби: Судот и обвинителството да не потпаѓаат под политички притисоци

    25.02.2026 во 08:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Демократската унија за интеграција преку соопштение до јавноста изразува крајно негодување од однесувањето на бројни политички партии, кои преку своите јавни настапи, според нив извршиледлабока политизација на случајот со Артан Груби, кој беше уапсен пред два дена на Граничниот премин Блаце.

    -Изминативе два дена сведочиме на тоа како политичките партии, нивни високи претставници и активисти, преку соопштенија и други јавни настапи, создаваат атмосфера на хистерија и линч преку однапред дефинирана пресуда. Тие целосно ја преземаат улогата на обвинители и судии, расфрлајќи се со мерки за претпазливост, јавно повикуваа на линч на претставниците на обвинителството и судот, без никакво  елементарно почитување на принципот на пресумпција на невиност. Ова особено што тоа го прават и партии кои се дел од Власта, што упатува на директно мешање од страна на извршната врз судската власт.

    Веќе го реафирмираме нашиот став, дека секој поранешен или актуелен функционер, за кого постои сомневање при извршувањето на функцијата, треба да се соочи со институциите и постапките пред домашните органи. Токму затоа ја сметаме позитивна одлуката на Артан Груби да се пријави на правосудните органи, и преку институционалните форми да ги соочи аргументите на својата одбрана. Но тоа преставува логичен став само доколку во исто време државата гарантира фер, непристрасна и транспарентна процедура, ослободена од партиски влијанија и политички притисоци.

    Упатуваме јасен повик до судот, обвинителството и сите надлежни органи да не потпаѓаат под политички притисоци и да постапуваат исклучиво врз основа на закон и докази. Независноста на правосудниот систем е темел на владеењето на правото и уставна обврска, а не предмет на толкување од стана на јавноста, уште помалку од политичките партии. Оттука сакаме да повториме дека очекуваме процесот да се одвива со целосно почитување на пресумпцијата на невиност, процесните права и достоинството на секое лице вклучено во постапката, велат од ДУИ.

    Додаваат дека тие со внимателност ќе ја следат ситуацијатаи постапката.

    Прочитај повеќе

    ДУИ: Во сабота почнува граѓанска иницијатива во Тетово за заштита на Рамковниот договор

    08.07.2026 во 15:52

    Иванов: Македонија станува клучна транспортна крстосница, интензивно се работи на автопатите и експресните патишта

    08.07.2026 во 11:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.