Close Menu
Press24
    Најново

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51

    Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“

    30.10.2026 во 23:29

    Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино

    30.10.2026 во 23:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
    • Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
    • САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
    • Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
    • УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Активности во Охрид за Неделата на борба против малигните заболувања

    Активности во Охрид за Неделата на борба против малигните заболувања

    02.03.2026 во 09:461 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Како дел од здравствено-превентивните активности, а во рамки на одбележувањето на Неделата на борба против ракот, од 1 до 8 март под мотото „Превенцијата спасува животи“, активистите на охридската организација на Црвениот крст организираат активности за подигање на јавната свест за превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања.

    Во таа насока, Црвен крст – Охрид денеска од 11 часот организира предавање за малигните заболувања, со посебен акцент на рак на простата, кое ќе се одржи во просториите на организацијата.

    Секоја година во светот повеќе од 12 милиони луѓе заболуваат од некој вид на рак, а 7,6 милиони го губат животот како последица на болеста. Во Македонија годишно се откриваат преку шест илјади нови случаи на заболени од рак.

    Експертите од Меѓународната унија за рак и Светската здравствена организација нагласуваат дека приближно 40 проценти од карциномите можат да се спречат, а ризикот од развој на болеста може значително да се намали со примена на едноставни превентивни мерки и одржување здрави животни навики.

    Прочитај повеќе

    Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски

    30.10.2026 во 22:37

    УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија

    30.10.2026 во 22:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.