Close Menu
Press24
    Најново

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови летови и туристички бум: Охридскиот аеродром ќе добие прва реконструкција

    Нови летови и туристички бум: Охридскиот аеродром ќе добие прва реконструкција

    26.02.2026 во 10:131 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Следната недела започнува првата реконструкција на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, по неговата изградба, најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

    Според него, претходно беа преземени активности за легализирање на аеродромот, што беше сложен процес.

    -„Реконструкцијата ќе биде прва од тој тип од неговото градење. До неодамна аеродромот беше нелегален објект – постоеше физички, но не и на хартија. Успеавме да го легализираме, што е важно за државата. Сега следува реконструкцијата која ќе донесе повеќе летови и патници. Очекувам туристичкиот сообраќај да се насочи кон Охрид, а бизнис летовите кон Скопје“, изјави Николоски во поткастот на ТВ Сител, соопшти Министерството за транспорт.

    Тој потсетува дека се работи на договор за авиосообраќај со Саудиска Арабија, со цел воспоставување директна линија меѓу двете земји:

    -„Веќе имаме протокол за договор и очекуваме во следниот месец да го преговараме, потпишеме и да имаме директен лет од Саудиска Арабија до Скопје. Авиосообраќајот значително се развива во изминатата година и половина, со воспоставени 23 нови дестинации од домашните аеродроми“, додаде Николоски.

    Прочитај повеќе

    Божиновска и Азески на средба за стратешките приоритети во енергетиката и рударството

    20.10.2026 во 18:48

    Проверете си ги сметките: Во тек е исплатата на родителски додаток за дете

    20.10.2026 во 17:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.