- Во април: Годишен раст од 9,3% на вкупните депозити и од 13,3% на вкупната кредитна поддршка
- Хороскопски знаци кои остануваат во лоши врски
- Милошоски: Приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално и паушално во случајот Мазут
- Манасиевски: Македонија не смее да потклекне поради криминалот на Филипче и Заев
- Филипче: Поради Мицкоски изгубивме 200 милиони евра од ЕУ
- СДСМ: Падна лажниот патриотизам на ВМРО
- Крвава ноќ со дронови: Жртви во Русија и Украина, погоден град на 1.000 километри од границата
- Утре во Шведска Муцунски на билатерална средба со бугарската колешка
Author: Author 01
Одлуката за домашен притвор за Артан Груби, според соопштението на СДСМ, не е правна, туку политичка. Таа, како што наведуваат, е последица на политички договор и целосно контролирано судство и обвинителство од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Според СДСМ, се врши менување на јавни обвинители за поставување лица под контрола на власта, се елиминираат независни кандидати и се инсталираат партиски кадри. Се истакнува дека сопруга на поранешен градоначалник на ВМРО е назначена за член на Судскиот совет, додека советник на Христијан Мицкоски е избран во Уставен суд на Република Северна Македонија. Портпаролката на Владата, како што се наведува, има информации за судските…
Уставен суд на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата 5-та седница, на чиј дневен ред се седум иницијативи за оценување на уставноста и законитоста, како и пет предлог-одлуки по веќе поведени постапки. Судиите ќе расправаат за повеќе иницијативи поврзани со измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кои зголемувањето и усогласувањето на пензиите се ограничува само на корисниците чии пензии се исплаќаат во државата. Подносителите на иницијативите, меѓу кои и граѓани што живеат во странство, како и Народен правобранител на Република Северна Македонија, тврдат дека ваквите одредби создаваат дискриминација врз основа на местото на…
Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Ова го велат од партијата Влен во соопштение до јавноста. Артан е живата архива на една партиска шема што со години се штитела од јавноста. Кога црната кутија еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот. Куќниот притвор не е олеснување. Тоа е знак дека приказната влегува во фаза во која зборовите на ДУИ повеќе не важат, туку фактите.…
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение до јавноста велат дека очигледна е паниката во редовите на СДС по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби. -Институциите си ја завршија работата и го доведоа Груби пред лицето на правдата. Криминалецот Груби беше во бегство година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра. Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ. Додека се злоупотребувале парите на граѓаните СДС знаеле, молчеле и не реагирале поради коалициски мир со ДУИ, за да не им…
На крајот на месец Март, Македонија преминува од зимско кон летно сметање на времето. Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, на 29 март во 02:00 часот, а потоа ги поместуваме часовниците за еден час нанапред, до 03:00 часот. Со оваа промена, денот ќе станува „подолг“, а ноќта за еден час пократка. Летното сметање на времето ќе трае до последната недела во октомври, кога часовниците повторно се враќаат еден час наназад.
На Попова Шапка изутрина во 7 часот термометрите покажаа -4 степени, со снежна покривка од 89 сантиметри. Минусни температури се измерени и во Маврови Анови (-2) и во Охрид (-1), додека во Битола и Крушево температурата е 0 степени. Во Берово и Претор се измери 1 степен, во Прилеп, Тетово, Демир Капија, Виница и Крива Паланка 2 степени, во Скопје-Петровец, Струмица и Штип 4 степени, додека во Скопје-Зајчев Рид, Велес и Кавадарци се измерени 6 степени, а во Гевгелија 10 степени. Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува…
Во Куманово денеска ќе се одржи Регионален форум на заедницата за Североисточен регион, организиран од Национален ромски центар – НРЦ Куманово. Настанот има за цел унапредување на капацитетите за спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан (ЗАЗБ) на локално ниво. Форумот ќе овозможи споделување успешни практики за воспоставување функционални собирни центри и долгорочно решавање на проблемот со градежен шут. Како што се посочува во најавата, општините се должни да воспостават еден или повеќе собирни центри за посебни текови на отпад од домаќинствата, каде комуналниот отпад и отпадот за рециклирање се оставаат бесплатно. Поради големиот волумен или опасните својства, одреден отпад…
Во Скопје денеска ќе се одржи панел-дискусија на тема: „Од инциденти до системски ризици: Надворешните влијанија како тест за медиумската отпорност“, на која ќе биде презентиран документот за јавни политики „Медиумскиот екосистем и странското мешање и манипулирање со информации (СММИ)“. Според соопштението на Институт за комуникациски студии, странското мешање и манипулирање со информации претставува сложен системски ризик за демократските општества, кој се појавува и се засилува преку медиумите. Овој феномен се остварува преку координирани активности на странски државни и недржавни актери, нивни посредници и усогласени канали, користејќи ја економската, институционалната и дигиталната ранливост на медиумите за влијание врз јавната дебата…
СДСМ денеска преку соопштение до јавноста велат дека власта се нема откажано од авионот и одбива да направи ребаланс на буџетот и парите да ги пренамени за плати. -Власта се нема откажано од авионот. Буџетот на СОЗР за оваа 2026 година беше зголемен за 124 милиони денари и тој е непроменет. Во Категорија 48 (Капитални расходи), под ставката за опрема, оваа сума соодветствува на годишна рата за купување авион со рок на отплата од повеќе години. Власта одбива да направи ребаланс на буџетот и парите да ги пренамени за плати. Тоа потврдува дека авионот не е избришан од Буџетот, велат…
Зоран Љутков, министер за култура и туризам, денеска ќе престојува во работна посета на Кичево, каде ќе оствари средби со претставници на локалната самоуправа и институциите од областа на културата. Во рамки на посетата, министерот Љутков заедно со градоначалникот Александар Јовановски ќе одржат прес-конференција во просториите на Општина Кичево, по повод изборот на градот за Град на културата 2026.
