- Ердоган и Трамп разговараа за примирјето на Блискиот Исток
- Бојковска: Стратешкиот дијалог со САД е успех на нашата определба и посветеност во партнерство со САД
- Венс признава: „Мислевме дека ќе биде лесно, но Украина е нашиот најтежок предизвик“
- Бочварски: Власта ветуваше 250 милиони евра годишно од унгарскиот кредит за општинските проекти, се реализираат само 16%
- Тркалезна маса на тема: Подготвеноста на институциите за одговор на СММИ
- Татко и двајца синови со боксирачи и гасен пиштол претепале вработени на гробиштата во Бутел: Обвинителството бара притвор
- Хоџа: Градиме модерен систем за менаџирање со водите по европски стандарди
- Спасовски: ВМРО ја партизира и Регулаторната за енергетика, како сопственик на хидроцентрили ќе биде независен директор
Author: Author 01
Собраниските активности закажани за утре нема да бидат одложени, и покрај најавениот протест на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и нивната закана за блокада на влезовите во законодавниот дом. Ова го потврди претседателот на Собранието, Африм Гаши, по утринската координација. Синдикалците најавија дека ќе ги блокираат влезовите со цел да ги спречат пратениците да дојдат на своите работни места и да наплатат патни трошоци, но Гаши побарал од координаторите на пратеничките групи да им укажат на пратениците дека мора да најдат начин да стигнат на работа. „Побарав да се најде начин да стигнат на своето работно место, но без…
Во Основниот суд во Штип денеска заврши судскиот процес против Стојанче Зарков, познат штипски угостител, обвинет дека во август минатата година ја убил својата 84-годишна мајка Марија. Во своите завршни зборови и исказ пред судот, Зарков изјави дека не се сеќава дали тој го извршил убиството. Тој го опиша критичниот ден (8 август 2025), велејќи дека ги извршувал вообичаените обврски, ѝ купил лекови и храна на мајка си, а по излегувањето се вратил дома со такси. Тврди дека ја нашол мајка си со крв на вратот откако слушнал викање од другата соба. Сепак, ова тврдење се коси со снимката од…
Полициски службеници од СВР Скопје синоќа (03.02.2026) спроведоа успешна акција во центарот на градот, при што е лишено од слобода едно лице поради поседување на дрога и оружје. Според информациите од МВР, околу 22:50 часот, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во домот на 23-годишниот Ѓ.С. во Скопје, на подрачјето на општина Центар. При претресот полицијата пронашла вистински арсенал и докази за трговија со дрога. Одземени се: Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Премиерот Мицкоски очекува Европската Комисја набргу да ја заврши сопствената истрага за скандалот со средствата за ИПАРД за кој вчера Јавното обвинителство информираше дека завршила истрагата. Рече дека очекува ЕК да продолжи да ги исплаќа парите за македонските земјоделци. Мицкоски смета дека постојат доволен број докази за лицата инволвирани да бидат осудени. -Овој случај ние како Влада го откривме и ние како Влада постапувавме по овој случај. И луѓето за коишто постои основано сомнение дека сториле кривично дело, Обвинителството, а понатаму и Судот треба во една судска постапка да го докаже истото. Мислам дека има, од тие информации со кои…
Новиот државен јавен обвинител кој допрва треба да биде избран треба да ги извади сите случаи кои се држеа во фиока. Премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање откри што очекува новиот републички државен јавен обвинител. -Прво што треба да направи сите оние документи и случаи коишто се држеа во фиока да ги извади и да ги истражи. Таму кадешто нема дело и докази да ги затвори, таму кадешто има дело и докази да оформи случај и потоа да го испрати да судот, а судот потоа треба да одлучи дали ќе отпочне или нема да отпочне судска постапка. Очекувам да биде…
Премиерот Христијан Мицкоски утрово побарал итна и остра реакција од Министерството за внатрешни работи против сите лица кои вчера го нарушија јавниот ред и мир за време на протестите. Револтот на демонстрантите, предизвикан од законските измени за одземање возила на лица без возачка дозвола, вчера ескалираше со блокади, палење гуми и вербални напади врз полицијата. „Разговарав утрово со министерот. Тоа што го побарав од него е оној кој го прекршил законот, јавно упатил закани, го загрозил мирот и безбедноста на граѓаните – жестоко да се одговори. И ќе се одговори за да не се повтори тоа дивеење вчера што се…
По повод актуелната тема во јавноста за научната студија со мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ, Министерството за здравство (МЗ) попладнево излезе со детално појаснување на законските процедури, оградувајќи се од директна надлежност во научно-истражувачката дејност. Според информациите што МЗ ги добило од Медицинскиот факултет, работата со биолошки материјал е предмет на ригорозно регулирање. За да се реализира транспорт на ткива во странство, постапката морала да помине низ неколку филтри: „Дополнително појаснуваме дека кога се работи за извоз на биолошки материјал, потребно е меѓу научните институции во земјава и странство да постои склучен формален договор (меморандум), каде…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави дека почетокот на биометриската евиденција за влез во Шенген зоната (ЕЕС систем), наместо во април, се одложува за септември оваа година. Ова е договорено на состанокот на високата владина делегација, во која покрај Николоски беа и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков, со претставници на Европската Комисија. „Претставниците на ЕК ја потврдија новата визна стратегија во која превозниците се прифатени како професионалци. Се разгледува можноста оваа категорија работници да биде третирана исто како и пилотите и машиновозачите“, истакна Николоски. Веќе следната недела ќе се формира…
Системот за видео надзор и автоматско казнување „Безбеден град“ продолжува активно да ги бележи грешките на возачите. Во текот на вчерашниот ден (02.02.2026) камерите регистрирале вкупно 651 сообраќаен прекршок. Статистиката покажува дека убедливо најчесто се прекршуваат правилата за ограничување на брзината: Како резултат на овие прекршоци, изречени се вкупно 58 забрани за управување на моторно возило. Од полицијата повторно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата за да се зголеми безбедноста на патиштата.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (01.02.2026) беше во посета на компјутерскиот центар на „Безбеден град“ во СВР Скопје каде денеска и официјално стартуваше проектот „Безбеден град“ за евиденција на прекршоците во сообраќајот. Тошковски сведочеше за успешниот старт на проектот, дека одвива според планираните параметри и граѓаните како што се и очекуваше во огромен број ги почитуваат сообраќајните правила. „Денес сме први февруари, некаде околу 20 часот. Имаме значително намалување на бројката на сообраќајни прекршоци во споредба од пред два месеци кога започнавме со тест периодот. Имаме од прилика околу петстотини сообраќајни прекршоци коишто се констатирани од страна на…
