Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денеска се слави Свети Исидор: Му го отсекоа јазикот бидејќи не се откажа од Христос, па се случи големо чудо

    Денеска се слави Свети Исидор: Му го отсекоа јазикот бидејќи не се откажа од Христос, па се случи големо чудо

    27.05.2026 во 10:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници денеска го слават споменот на Светиот маченик Исидор, кој пострадал за својата силна вера во третиот век, во времето на царот Декиј.

    Исидор, кој по потекло бил од островот Хиос, уште од мал се држел до Христовата вера, поминувајќи го животот во пост, молитва и добри дела, сè додека насила не бил земен во тогашната војска.

    Штом војводата дознал дека младиот војник е христијанин, му побарал отчет и почнал насилно да го советува да се одрече од Христа и да им принесе жртва на идолите.

    Светителот одлучно одбил да ја замисли својата вера, упатувајќи му силни зборови на војводата:

    „И телото да ми го убиеш, над мојата душа немаш власт. Јас Го имам вистинскиот и жив Бог Исус Христос, Којшто и сега живее во мене и по мојата смрт ќе биде со мене и јас сум во Него и ќе останам во Него и нема да престанам да го исповедам Неговото Свето име дури е духот во моето тело“.

    По оваа изјава, бесниот војвода наредил најпрво да го тепаат Исидор со воловски жили, а потоа наредил и целосно да му го отсечат јазикот за да замолчи.

    Но, тогаш се случило големото чудо. И без јазик, Исидор со помош на Духот Божји продолжил разбирливо да говори и да го исповеда Христовото име. Во истиот момент, војводата го стигнала страшна Божја казна и тој одеднаш тотално онемел.

    Како нем, тој само со знаци наредил Исидор конечно да го погубат со меч. Светителот со голема радост излегол на губилиштето каде му била отсечена главата во 251 година.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Ќерката на Цеца го покажа синчето – „Бесоните ноќи се тешки, но и посебни”

    06.10.2026 во 09:06

    Денес ништо нема да биде случајно: Хороскоп за 6 октомври

    06.10.2026 во 08:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.