Author: Author 01

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во Загреб се обрати на Конгресот на Социјалдемократската партија на Хрватска (СДП), кој е посветен на подготовка на новата програма и стратегија во пресрет на следните парламентарни избори. Во своето обраќање, Филипче потенцираше дека победата на СДП Хрватска ќе значи победа за сите социјалдемократи во регионот, но и силен знак дека социјалдемократијата е најсилна токму кога нападите кон неа се најжестоки, посакувајќи партијата да биде носителот на факелот на слободата, правдата и солидарноста. „СДП е единствената кредибилна левичарска партија во Хрватска која има политики за сите сегменти битни за функционирањето и развојот на општеството,…

Повеќе

Под мотото „Стоп за Усје“, граѓани денеска излегоа на протестен марш низ центарот на Скопје, барајќи итни мерки за заштита на животната средина и јавното здравје. Со транспаренти „Профит за нив, болести за нас“, „Дишеме отров“ и „Воздухот не е луксуз, тоа е право“, учесниците порачаа дека економските интереси не смеат да бидат над здравјето на луѓето. Маршот започна напладне пред Владата, продолжи кон Собранието и заврши пред Министерството за животна средина. Организаторите нагласија дека институциите мора да престанат да ги игнорираат проблемите со загадувањето. На протестот реагираше премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на Тетово. Тој истакна…

Повеќе

Министерството за правда на САД вчера го реализираше најголемото објавување на докази поврзани со починатиот сексуален престапник Џефри Епстајн досега. Т.н. „Сет податоци 12“ содржи над три милиони страници документи, 180.000 фотографии и 2.000 видеа, кои фрлаат ново светло врз мрежата на Епстајн и неговите соработници. Документите опфаќаат детали за затворањето и смртта на Епстајн во 2019 година, истрагата против неговата соработничка Џилејн Максвел, но и бројни електронски преписки со влијателни личности. Меѓу најзвучните имиња се издвојуваат актуелниот американски министер за трговија Хауард Лутник, за кого е откриено дека престојувал на приватниот остров на Епстајн во 2012 година, иако тврдеше дека ги прекинал врските со него уште во 2005.…

Повеќе

Советот на Општина Кочани на вчерашната седница покажа целосно единство и едногласно, со 19 гласа „за“, ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележје во чест на загинатите во катастрофалниот пожар во кабарето „Пулс“. Меморијалот ќе го носи името „Патека на бесконечноста на 63 ангели“ и е резултат на иницијативата поднесена од Здружението „16 март 2025 Кочани“. Според усвоената одлука, објектот ќе биде лоциран во централното градско подрачје, поточно во Стариот парк, на просторот меѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“. За да се запазат роковите, Советот го овласти градоначалникот Владко Грозданив по брза постапка да формира работно тело. Целта…

Повеќе

Прашањето за висината на минималната плата треба да се реши преку директен дијалог помеѓу работниците и работодавачите, а Владата во тој процес може да има само улога на посредник. Ова е ставот што денеска од Тетово го изнесе премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги барањата на синдикатите. „Нашиот став е јасен, работниците и работодавачите се тие кои што во бипартитен дијалог треба да најдат решение за минималната плата. Владата, во рамките на Економско-социјалниот совет, е само фасилитатор“, изјави Мицкоски. Во однос на вработените во јавниот сектор, каде Владата се јавува како работодавач, премиерот потсети дека за најголемиот дел прашањата се веќе…

Повеќе

Најновите податоци за растот на индустриското производство во декември се јасна потврда дека резултатите од напорната работа на Владата доаѓаат до израз, оцени премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Тетово. Коментирајќи ги вчерашните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), според кои индустриското производство во декември е зголемено за 2,3 проценти во споредба со истиот месец претходната година, премиерот изрази оптимизам за идниот период. „Повторно имаме раст на индустриското производство, мислам за 2,3 проценти, но она што е поважно е дека цела 2025 година, после многу долго време индустриското производство расте, а истото важи и за преработувачката индустрија“, истакна…

Повеќе

Во текот на изминатата ноќ, полицијата спроведе засилени контроли во неколку градови, при што од сообраќај се исклучени и лишени од слобода четири лица поради управување возило под дејство на алкохол. Против сите ќе бидат поднесени кривични пријави за „безобѕирно управување со моторно возило“. Најтешкиот инцидент се случил во Охрид. Утрово во 02:55 часот, уапсен е Л.С. (52) откако на пресекот на кеј „Македонија“ со улица „Јане Сандански“, управувајќи „Нисан“, удрил во „Голф“. Полицијата кај него измерила неверојатни 2,48 промили алкохол во крвта. Активно било и во Велес, каде се уапсени двајца возачи за помалку од еден час. Прво, во 23:50 часот,…

Повеќе

Полициски службеници од ПО Галате синоќа спречиле ескалација на семејна расправија која можела да заврши трагично во гостиварското село Неготино. Случајот бил пријавен во 20:15 часот од страна на 36-годишниот А.М., кој побарал помош од полицијата бидејќи неговиот татко М.М. (60) бил агресивен кон домашните. Според пријавата, таткото, кој бил во видно алкохолизирана состојба, ги малтретирал членовите на семејството, а упатил и директни закани по животот на својот син. Полицијата веднаш интервенирала и го лишила од слобода насилникот. При извршеното алкотестирање, кај М.М. биле измерени 1,30 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка…

Повеќе

Зголемена агресија и носење ладно оружје кај младите покажа вчерашната акциска контрола на СВР Тетово спроведена во угостителски објекти и спортски центри. Во периодот од 14:00 до 16:00 часот, полицијата „чешлала“ локали низ градот. При контрола во објект на улицата „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени неколку ножеви и метален „боксирач“. Истовремено, во објект во склоп на Спортскиот центар, ножеви биле пронајдени кај уште двајца малолетници. Сите деца се приведени во полициска станица во присуство на нивните родители, по што ќе следат соодветни поднесоци. Инцидент во основно училиште Полицијата регистрираше и нарушување на јавниот ред во едно тетовско основно…

Повеќе

Гостиварската полиција вчера имаше полни раце работа со неколку сериозни инциденти, од кои најтрагичниот е регистриран во селото Дебреше. Вчера попладне, околу 18:15 часот, жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75). На местото на трагедијата увид извршиле Јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција. По наредба на обвинителот, телото на починатиот е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Повеќе