Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба
    • Од Дубаи до Македонија: Стефанија Нусеибех носи нов пристап кон дизајнот на ентериери
    • Подгответе ги чадорите: Ќе врне дожд цел ден
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ и ДУИ разрешуваше судии за еден ден, случајот со Катевеновски е доказ за заробеното судство

    ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ и ДУИ разрешуваше судии за еден ден, случајот со Катевеновски е доказ за заробеното судство

    22.02.2026 во 11:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение упати нови обвинувања за целосна партизација на правосудниот систем за време на мандатот на претходната власт на СДСМ и ДУИ. Како главен доказ за тврдењата дека судството било ставено под политичка контрола, партијата го посочува неодамнешното јавно сведоштво на поранешниот судија во Врховниот суд, Ристо Катевеновски.

    Според ВМРО-ДПМНЕ, Катевеновски во телевизиско гостување отворено тврдел дека бил разрешен само поради тоа што одбил да постапи по барање на тогашната власт во врска со случај поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

    На судско рочиште кое се одвивало зад затворени врати, судијата истакнал дека нема да даде позитивно мислење за случајот и дека ќе се консултира со колегите. Партијата посочува дека одмаздата била брза: само еден ден по оваа изјава, Судскиот совет свикал итна седница на која Катевеновски бил експресно разрешен.

    „Неговото разрешување не било случајно, туку дошло од тогашните власти СДС и ДУИ, односно Зоран Заев и Али Ахмети. Тоа што во изминатите години го зборуваме, дека СДС и ДУИ под своја целосна контрола го ставиле судството и обвинителството и дека судиите и обвинителите ги бирале во партиските седишта во Струмица и Зајас, веќе се потврдува со јавни сведоштва“, се наведува во соопштението.

    Од ВМРО-ДПМНЕ заклучуваат дека претходната власт директно одлучувала „кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одговорност“, порачувајќи дека тоа време е завршено и дека за ваквите постапки е потребна одговорност.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.