Close Menu
Press24
    Најново

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29

    „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва

    28.10.2026 во 19:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

    Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

    21.02.2026 во 12:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владејачката ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција упати тешки обвинувања за партиско влијание врз судството во времето на претходната власт. Членот на Централниот комитет на партијата, Валентин Манасиевски, го посочи случајот со поранешниот врховен судија Ристо Катевеновски како директен доказ за политичките нарачки.

    „Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден“, истакна Манасиевски, објаснувајќи дека екс-судијата Катевеновски тврди оти бил разрешен токму затоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти, а кој бил поврзан со поранешната министерка Гордана Јанкулоска.

    Според Манасиевски, откако Катевеновски на рочиште зад затворени врати кажал дека нема да даде позитивно мислење и дека ќе се консултира со колегите, одмаздата била експресна:

    „По само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски… Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен.“

    Тој директно ги посочи поранешните лидери на власта како нарачатели на ваквите одлуки:

    „Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети. Правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна.“

    Манасиевски заклучи дека ова е само уште еден доказ за целокупното партизирање на системот кое го правела претходната власт:

    „Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции.“

    На крајот, тој испрати јасна порака: „ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи. Потребна е одговорност!“

    Прочитај повеќе

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.