Close Menu
Press24
    Најново

    Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС

    29.10.2026 во 15:26

    Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална услуга преку М-услуги

    29.10.2026 во 15:19

    Малолетник нападнал вработена во средно училиште во Карпош

    29.10.2026 во 15:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС
    • Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална услуга преку М-услуги
    • Малолетник нападнал вработена во средно училиште во Карпош
    • Државата преговара за поевтин гас, в понеделник ќе се знае дали горивата ќе поскапат
    • Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи
    • Куманово: Цели девет месеци силувал дете
    • Речиси 580.000 евра на сметка на мајката, синот пријавен за перење пари
    • Муцунски: Процесот на европска интеграција да биде кредибилен и предвидлив и со забрзана динамика
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Нема потреба од предвремени избори, граѓаните и меѓународната заедница бараат реформи

    Мицкоски: Нема потреба од предвремени избори, граѓаните и меѓународната заедница бараат реформи

    21.02.2026 во 13:061 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска категорично ја отфрли можноста за одржување на предвремени парламентарни избори, оценувајќи дека владината коалиција, составена од ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ,функционира одлично.

    „За да се распушти Парламентот формално се потребни 61 пратеник. Во моментот не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Во моите разговори со меѓународната заедница, но и од она што го разговарам со граѓаните, и едните и другите од оваа Влада очекуваат реформи. И тоа е она што е главен фокус и приоритет – реформи и испорака“, изјави Мицкоски.

    Тој посочи дека, чисто партиски гледано, на ВМРО-ДПМНЕ би ѝ одговарале предвремени избори, особено по „апсолутниот триумф“ на локалните избори. Сепак, како најголема партија, смета дека мора да се однесуваат одговорно. „Приоритетот е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, нагласи премиерот.

    Одговарајќи на новинарски прашања за евентуални кадровски промени во Владата, конкретно дали ќе го разреши министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани (кој наводно најавил формирање нова партија), Мицкоски кратко одговори дека не е информиран за такво нешто. Во однос на изборот на нов државен јавен обвинител, премиерот информираше дека сè уште нема конечна одлука и дека јавноста навремено ќе биде известена.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална услуга преку М-услуги

    29.10.2026 во 15:19

    Малолетник нападнал вработена во средно училиште во Карпош

    29.10.2026 во 15:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.