Close Menu
Press24
    Најново

    Детали за денешното убиство: Ја избодел со нож 10 пати додека спиела

    14.05.2026 во 21:22

    Митева: Ја движиме државата во правилна насока – ни расте и рејтингот

    14.05.2026 во 20:59

    Орце Ѓорѓиевски: Возам сопствено возило, службените патувања сам си ги плаќам

    14.05.2026 во 20:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Детали за денешното убиство: Ја избодел со нож 10 пати додека спиела
    • Митева: Ја движиме државата во правилна насока – ни расте и рејтингот
    • Орце Ѓорѓиевски: Возам сопствено возило, службените патувања сам си ги плаќам
    • Панел дискусија на Меѓаши: Треба да се превенира, а не само да се реагира откако ќе се случи врсничкото насилство
    • Тошковски: Сигурен сум дека Мицкоски никогаш не би влегувал во незаконски комункации
    • Откриено од каде се испраќаат лажните пораки за сообраќаен прекршок
    • Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
    • И Тошковски шокиран од одлуката за затворање на постапката за мазут
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Булингот не доаѓа од Европа, туку од ВМРО и Мицкоски

    Филипче: Булингот не доаѓа од Европа, туку од ВМРО и Мицкоски

    21.02.2026 во 13:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, остро реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски кој претходно оцени дека Македонија е жртва на европски „булинг“. Според Филипче, единствениот булинг врз македонскиот народ го врши токму актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

    Во писмената реакција, лидерот на СДСМ го обвинува премиерот дека наместо да ги спроведе потребните реформи, нуди изолација и води анти-ЕУ кампања, спротивно на волјата на преку 70 проценти од граѓаните кои сакаат членство во Унијата.

    „Проблемот не е во односот на Европската Унија, туку во неисполнувањето на обврските поврзани со владеењето на правото, слободата на медиумите и борбата против корупцијата“, наведува Филипче. Тој додава дека Владата намерно создава конфликти со соседите и ја напаѓа Унијата секогаш кога ќе добие критики од Брисел.

    Филипче ја искористи приликата да го поврзе застојот во евроинтеграциите со домашните скандали, посочувајќи го неодамнешниот случај со петте тони дрога кои ја поминаа македонската граница, како и лошите состојби во правосудството и медиумите. Тој предупреди дека Македонија стагнира додека земјите од регионот, како Албанија и Црна Гора, забрзано напредуваат кон целта за членство до 2027 година.

    „Мицкоски и ВМРО не сакаат ЕУ, сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност, тоа е криминална вредност“, заклучува Филипче во соопштението.

    Прочитај повеќе

    Митева: Ја движиме државата во правилна насока – ни расте и рејтингот

    14.05.2026 во 20:59

    Филипче: Кога ќе си замине оваа банда, ќе одговара за украдените народни пари

    14.05.2026 во 17:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.