- Иднината пристигна: Кина го пушти во работа првиот подводен дата-центар со вештачка интелигенција
- Хороскопски знаци кои глумат дека ништо не ги повредува
- Николоски: Во 2031 година ќе имаме брза пруга од граница со Србија до граница со Грција
- Дипломатска офанзива: Иран го разгледува новиот американски предлог по посетата на пакистанскиот посредник
- Филипче: Стравот што го продава власта е лажен – ЕУ не го загрозува македонскиот идентитет
- Али Ахмети се сретна со Рокас
- Филипче оствари средба со хрватскиот главен преговарач на Хрватска за ЕУ
- Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
Author: Author 01
ТИТАН УСЈЕ годинава го прославува својот 70-годишен јубилеј, обележувајќи седум децении од своите почетоци во 1955 година. Од своето основање, компанијата растеше паралелно со развојот на земјата, поддржувајќи изградба на домови, училишта, болници, патишта, мостови и друга суштинска инфраструктура која го обликува современото општество. Во текот на децениите, ТИТАН УСЈЕ инвестираше повеќе од 200 милиони евра во модернизација и технолошки напредок. Овие инвестиции значајно ја подобрија безбедноста, оперативната ефикасност, продуктивноста и перформансите во доменот на заштитата на животната средина. Денес, ТИТАН УСЈЕ се истакнува како современа компанија со напредни дигитални технологии и автоматизација на производството. Во 1998 година УСЈЕ стана…
Европската Унија мора веднаш да ги суспендира исплатите кон Украина поради сериозните извештаи за корупција, побара денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Пред состанокот со колегите од ЕУ во Брисел, Сијарто упати остри критики кон плановите за нови финансиски пакети, нарекувајќи ја ситуацијата „луда“. „Во Украина постои воена мафија и корумпиран систем, а претседателот на Европската комисија, наместо да ги запре исплатите и да бара итни финансиски проверки, планира да испрати уште 100 милијарди евра во Украина. Ова е лудо“, изјави Сијарто. Реакцијата на Будимпешта доаѓа по информациите за истрага за наводен заговор од 100 милиони долари за…
Граѓаните нема да плаќаат ништо дополнително при приемот на пратките нарачани од странство, вклучително и оние од платформата „Тему“, и покрај новите измени на Законот за данок на додадена вредност (ДДВ). Министерството за финансии појасни дека усвоените измени нема да влијаат на начинот на преземање на пратките,бидејќи кај платформите како „Тему“ данокот е веќе пресметан во цената на производот. „Пратките кои граѓаните ги порачуваат од ТЕМУ и досега имаа пресметан ДДВ во цената на производот. Истата практика продолжува и по измените на законот – ДДВ ќе остане вкалкулиран во цената на производот, како и досега. Тоа значи дека граѓаните нема да плаќаат ништо дополнително при…
24-годишен државјанин на Албанија е уапсен доцна синоќа во Гевгелија, откако во неговото возило биле откриени 10 илегални мигранти. Полициските службеници го запреле возилото „киа“ со албански регистарски ознаки на улицата „Вардарски рид“, каде пронашле седум лица од Египет и три од Мароко. Возачот В.Ц. е задржан во полициска станица, додека мигрантите се сместени во прифатно-транзитен центар. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. „На 19.11.2025 во 23:35 часот на ул.„Вардарски рид“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода В.Ц.(24) од Република Албанија. При…
Само претседателот Трамп и САД имаат доволно моќ да стават крај на оваа војна, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара. Зеленски нагласи дека САД имаат одлучувачка улога во напорите за запирање на руската агресија, потенцирајќи дека Украина го поддржува „секој силен и фер предлог насочен кон ставање крај на војната“. Овие изјави доаѓаат во време кога светските медиуми пренесуваат дека Вашингтон и Москва работат на нов мировен предлог. Според шпекулациите, планот би можел да бара значителни отстапки од Киев, вклучително и потенцијално отстапување на дополнителна територија. „Детално разговаравме за реалните начини…
Автопатот Прилеп – Битола ќе биде целосно изграден до 2028 година, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој преку социјалните мрежи информираше дека градежните работи се одвиваат со силна динамика, споделувајќи и видео материјал од теренот. „Силен прогрес во изградбата на автопатот Прилеп – Битола. Продолжуваме по планот, автопат од Прилеп до Битола до 2028 година. Македонија се гради со силно темпо“, напиша Николоски на својот фејсбук профил.
Голем одрон на регионалниот пат Македонски Брод – Скопје преку НП „Јасен“ го прекина, а потоа го отежна сообраќајот, додека во битолско ерозија се заканува на стариот пат кон Пелистер. Ова се дел од најкритичните точки каде интервенираа екипите на Регионалните центри за управување со кризи по обилните врнежи во изминатото деноноќие. Патот кај „Јасен“ сега е расчистен по една лента, а се работи на целосно обезбедување на трасата. Поради ерозија на патот кон Пелистер и кај селото Цапари, надлежните предложија привремено затворање на стариот пат Р-106 и пренасочување на возилата по патот А-3. Во Битола механизација работи и на…
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата по Предлог-буџетот за 2026 година. Ова е трет ден како пратениците дебатираат по поднесените амандмани, чиј број изнесува околу 200. Според проекциите во државната каса, економскиот раст за следната година е планиран на 3,8 проценти, додека стапката на инфлација се очекува да биде 2,5 проценти. Буџетскиот дефицит е проектиран на 3,5 проценти од Бруто домашниот производ (БДП). Во однос на финансиските текови, државата планира да собере вкупни приходи од 374,7 милијарди денари, додека расходите се проектирани на 413,9 милијарди денари. За капитални инвестиции се предвидени 40,5 милијарди денари. Паралелно со…
Американскиот претседател Доналд Трамп стави потпис на новиот закон со кој Министерството за правда на САД се обврзува да ги објави сите досиеја и документи поврзани со покојниот финансиер Џефри Епстајн. Трамп преку социјалните мрежи потврди дека ја одобрил мерката во средата, потег што претставува значителна промена со оглед на тоа што претходно се обидуваше да ја блокира иницијативата. Со новиот закон, јавноста треба да добие увид во записниците од летови, патните записи, договорите за имунитет, како и интерните комуникации во Министерството за правда. Исто така, ќе бидат објавени и сите документи поврзани со смртта на Епстајн во затвор во…
Со измерени 34 литри на метар квадратен, Крушево е градот со најмногу врнежи во изминатите 24 часа, додека најмалку дожд, по четири литри, наврнал во Велес и Кавадарци. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), по Крушево, највлажно било во Претор со 30 литри, Маврови Анови со 28 и Лазарополе со 23 литри на метар квадратен. Во Прилеп и Пожаране се измерени 18 литри, во Берово 16, Тополчани 14, Радовиш 12, а во Струмица и Попова Шапка по 11 литри. Во главниот град, на мерното место кај Зајчев Рид наврнале 8 литри, исто колку и во Куманово и Гевгелија.…
